Борис Станојковиќ
Борис Михајло Станојковиќ ( 1906 во Четирце, Кумановско — 1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Поради тоа што не можел да го прехрани семејството, обработувал и земја на поимотните coceлaни. Поради тоа што ги помагал подготовките за оруженото востание против окупаторот, бил интерниран 1943 година во Бугарија. Како интернирец, работел тешка физичка работа, како рудар. Во август 1944 година, се вратил во родното село и веднаш стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада. Со бригадата учествувал во борбите кај Лојане, Табановце, Ристовац како и на велешкиот терен. Во октомври 1944 година, во борбата против Германците и балистите во околината на реката Треска, бил тешко ранет и заробен. Веднаш потоа, балистите на ѕверски начин го убиле и телото му го фрлиле во надојдената река Треска.[1]