Борис Колев Симоновски (25 август 1923 во Нежилово (Кратовско)20 мај 1945 во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Борис Симоновски
Роден 25 август, 1923 година
Нежилово (Кратовско), Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 20 мај, 1945 година
Националност Македонец

Животопис

уреди

Израснал во бедно земјоделско планинско семејство. Откако го завршил основното четиригодишно училиште, почнал да се занимава со земјоделие и сточарство, а ѝ аргатувал по туѓи имоти. Неговиот живот бил тежок и макотрпен. Со распламтување на сенародното востание активно го помагал народноослободителното движење. На 6 септември 1944 година стапил во редовите на Кратовскиот баталјон. Земал учество во борбите против Германците на Здравчи Камен и Крива Река, кога окупаторот се обидел повторно да го окупира Кратово, во кои борби бил повеќепати рануван. По борбите на Сремскиот фронт и ослободувањето на Југославија учествувал во прочистувањето од разните остатоци на квислиншките единици, четниците и усташите, во кои битки повторно бил тешко ранет. Ѝ покрај укажаната лекарска помош, на 20 мај 1945 година, подлегнал на раните.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 53.