Борис Мајсторов (роден на 17 декември 1935 во Велес - починал на 17 јануари 2008 во Скопје) — македонски глумец, драматург и режисер.

Борис Мајсторов
Роден 17 декември 1935
Велес
Починал 17 јануари 2008
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец

Животопис Уреди

Основното и средното образование ги има завршено во родниот град. Потоа се запишал на стоматологија на факултетот во Белград. Меѓутоа набргу се откажал и се вратил во Скопје, каде се запишал на Правниот Факултет.

Целиот свој работен век го поминал во Македонското Радио оставајки зад себе препознатливи антологиски ликови на „Дедо Аврам“, „Сто и една приказна“ и во режисерската реализација на емисијата „Глас од татковината“. Добитник е на повеќе престижни професионални награди. Во својата неверојатна 50 годишна кариера го достигнал врвот на уметничката професија. Мајсторов во Македонското Радио има оставено огромна фонотека од радио-драми, раскази, поетски интерпретации и хумористични емисии, а во Македонската телевизија безброј цртани филмови во кои го позајмувал гласот на сите познати детски јунаци.

Филмографија Уреди

Филмографија на глумецот Борис Мајсторов
Год. Назив Улога
1960.-те
1967. Павиљон бр. 6 ТВ-филм Сергеј
1970.-те
1975. Илинка ТВ филм /
1979. Хихирику Радио-емисија
1980.-те
1980. Учителот ТВ филм /
1984. Хихирику - 5 години ТВ филм /
1989. Цвеќе на карпата ТВ-филм
1990.-те
1990. Алф од Ново Лисиче ТВ-филм Алф
1993. Црно бело во боја ТВ-филм

Надворешни врски Уреди