Борис Ѓорѓиев Бочваров (11 септември 1919 во Љубанци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од земјоделско семејство, а ѝ самиот бил земјоделец. Бил симпатизер ѝ материјално ја помагал народноослободителната борба. На 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистите и германските единици во Скопска Црна Гора, како и при чистењето на балистичките банди во други места. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Загинал во крвавите борби при ослободувањето на Врпоље, на 16 април 1945 година. Закопан е на местото каде што загинал, но по ослободувањето неговите посмртни останки биле пренесени во родното место.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 37. На |first= му недостасува |last= (help)