Боре Велковски
Боре Тодев Велковски ( 1924 во Миладиновци, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште. Се занимавал со земјоделство и сточарство. По ослободувањето на Македонија, на 12 ноември 1944 година, стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која учествувал во ликвидирањето на заостанатите балистички банди. Бил распореден во првиот баталјон. Во Земун завршил тримесечен курс за запознавање со новото оружје. Учествувал во големиот пробив на Сремскиот фронт и во многу други борби против силните германски, усташки и слични квислиншки непријателски единици. На 16 април 1945 година при нападот на Врпоље, храбро загинал заедно со неколкумина соселани. Бил закопан кај Врпоље со своите загинати другари. Подоцна останките му биле пренесени во неговото родно село, Миладиновци.[1]