Бовенден
Бовенден (германски: Bovenden; службено наречен Флекен Бовенден) — општина во округот Гетинген, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Голем дел од областа на денешната општина се наоѓа на поранешното Грофовија Плесе.
Бовенден | |
Замок во Бовенден | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гетинген |
Градоначалник | Хајдрун Бекер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 63,59 км2 |
Надм. височина | 139 м |
Население | 14.124 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 222 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GÖ |
Пошт. бр. | 37120 |
Повик. бр. | 0551, 05593, 05594 |
Портал | www.bovenden.de |
Местоположба на Бовенден во рамките на округот Гетинген | |
Координати | 51°35′23″N 9°55′20″E / 51.58972° СГШ; 9.92222° ИГД |
Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење. Исто така, „флекен“ е застапени и во службеното име на местото. Во општината покрај Бовенден влегуваат и уште седум други места.
Географија
уредиБовенден се наоѓа на реката Лајне, околу 6 километри северно од Гетинген и на север се граничи со Гетингенската шума. Главно село и општинско седиште е Бовенден, сместено на Лит, мала река која се влева во Лајне. На рид источно од селото Едигехаузен се наоѓаат остатоците од замокот Плесе.
Општински единици
уредиОпштината е составена од следниве места:
- Билингсхаузен
- Бовенден
- Едигехаузен
- Еменхаузен
- Харсте
- Ленглерн
- Рајерсхаузен
- Шпанбек
Покрај постоечките села, постоеле и овие села кои исчезнале за време на средниот век:[2]
- Родерсхаузен или Родерсхузен (2 км северозападно од Бовенден)[3]
- Аспе или Аспа (1 км североисточно од Шпанбек)[4]
- Ботлевесхузен (200 метри западно од Маријашпринг)[5]
- Бакенхузен (1,2 км источно од Рајерсхаузен)[6]
- Штурмбеке или Штумбеке (900 метри западно од Рајерсхаузен)[7]
Развој на населението
уредиНаселението на главното село Бовенден се зголемува од втората половина на XX век:[8]
|
|
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Martin Last, Bovenden, der Flecken mit Tradition und Fortschritt. Verlag Erich Goltze, Göttingen, 1985. S. 11. ISBN 3-88452-811-4
- ↑ Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 203-208, ISBN 3-89534-133-9
- ↑ Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 82-94, ISBN 3-89534-131-2
- ↑ Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 292-295, ISBN 3-89534-131-2
- ↑ Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 1: A-E, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1994. S. 101-107, ISBN 3-89534-131-2
- ↑ Erhard Kühlhorn, Die Mittelalterlichen Wüstungen in Südniedersachsen, Band 3: O-Z, Verlag für Regionalgeschichte Bielefeld, 1995. S. 293-298, ISBN 3-89534-133-9
- ↑ Uta Klaer (1965). Der Flecken Bovenden im Stadtumland von Göttingen. Vororturbanisierung bei Zentralitätsschwund eines alten Exklavemittelpunktes. стр. 142.
Надворешни врски
уреди- Бовенден на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)