Блескалка

(Пренасочено од Блиц)

Блескалка, блиц[1][2] или флеш – уред за создавање светлосен блесок, при што траењето на импулсот и паузата може да биде различно. Блескалката најмногу се користи во фотографијата но се користи и во сигнализацијата и стробоскопијата. Како блескалка се користи светилка, чиј светлосен сноп се прекинува механички, или плинска цевка, која засветлува при електричното празнење.[3]

Блескалка која работи на основа на магнезиумов прав од 1909 година.
Понови изведби на блескалки.

Блескалката која служи за осветлување во непогодни светлосни услови, во некои фотографски апарати е вградена, а кај дру се поставува на носач и се спојува со апаратот. Во моментот на снимање, блесокот на бласкалката мора да биде синхронизиран со затворачот, кој тогаш треба да биде целосно отворен.[4]

Историја

уреди

Во почетоците на фотографија светлосниот импулс (блесокот) се остварувал со брзо горење на магнезиум, некогаш и жарулка за еднократна употреба, а денес за таа намена најмногу се користи електронска блескалка. Нејзин главен дел е стаклена цевка, полнета со благороден гас, кој се јонизира со високонапонско празнење и станува електрично спроводлива, па низ него протекува јака електрична струја, што е проследено со (интензивен) блесок.

Начин на работа

уреди

Траењето на блесокот е многу кратко (обично помалку од 1 милисекунда, па моментот на блесокот треба да биде ускладен (синхронизиран) со експозицијата. Осветленоста на предметот зависи од светлосната енергија на блесокот и од отворот на фотоапаратот. Кај поедноставните блескалки енергијата на блесокот е постојана, па потребната осветленост се постигнува со дотерувањет на отворот според оддалеченоста на предметот. Во современите, микропроцесорски управувани блескалки, со вграден светлосен сетилник (фотодиода) се мери светлоста одбиена (рефлектирана) од предметот и блесокот автоматски се прекинува кога ќе се постигне потребната осветленост за поставениот отвор. Таквиот начин на работа е особено успешен кога одбиената светлост се мери непосредно низ објективот на фотоапаратот.

Блескалката може да биде вградена во фотографскиот апарат, или на посебен дел на фотографската опрема. Кај поедноставните фотографски апарати, мобилен телефон и слично, вградената блескалка се изведува и со светлечки диоди.

Наводи

уреди
  1. „блиц“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „блиц“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. bljeskalica, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2018.
  4. Velimir Kruz: "Tehnička fizika za tehničke škole", "Školska knjiga" Zagreb, 1969.

Надворешни врски

уреди
  • "Flash Photography with Canon EOS Cameras – Part I". PhotoNotes.org. 12 December 2010.
  • "A Minolta/Sony Alpha Flash Compendium". Fotografie.
  • „Photographic Cheat Sheet“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-05-29. Посетено на 2006-09-19. (87.2 KB). Gordon McKinney.
  • List of flashbulbs models. David L. Brittain.
  • Flash comparison chart Архивирано на 3 март 2016 г.. Bart Zieba Photography.