Сетилник, сензор или детектор — која било направа што мери една физичка величина и ја претвора во облик погоден за понатамошна обработка, односно за читање од страна на набљудувачот или од инструментот (кој денес е најчесто електронски). Излезната величина од мерниот инструмент се бара да биде правопропорционална со неговата влезна величина. Делот од мерниот инструмент кој непосредно чувствува некои промени во процесот се нарекува сетилен елемент.

Светлосен сензор
Светлосен сензор

Во однос на принципот на работа, мерните инструменти може да се поделат на отпорнички, капацитивни, индуктивни, електромагнетни, пиезоелектрични, механички, хидраулични, пневматски и други. Електричната и механичката величина се најсоодветни за мерење, па тие најчесто се јавуваат како излезни величини, па сетилниците врз основа на излезната величина се поделени на електрични и механички.

Електрични мерни инструменти

уреди

Електричните сетилници работат врз принцип на познатите електрични ефекти. На влезот од сетилникот може да биде користена енергија во која било форма, додека на неговиот излез се јавува електрична величина која одговара на влезната величина.

Квалитет на мерните инструменти

уреди

Основните критериуми за оценка на квалитетот на мерните инструменти се:

  • Мерно подрачје, кое ги опфаќа вредностите на мерената и процесната величина за која сетилникот може да се употреби. Се изразува преку најголемата и најмалата вредност на мерената величина.
  • Мерниот опсег мора да го покрива опсегот на промените на мерената процесна величина и претставува разлика на вредностите на оваа величина на горната и долната граница на мерното подрачје.
  • Мерниот сигнал е непрекинато променлива величина, по форма аналогна на промените на мерената процесна величина. Мерниот сигнал претставува излез на сетилникот. Во последното време се појавуваат и дигитални сетилници со дискретен мерен сигнал, кои вредности на мерната процесна величина ја даваат во бројчена форма.
  • Статичката грешка е отстапување од вистинската вредност на мерената процесна величина кога влезната величина е константна.
  • Динамичката грешка е грешка која настанува поради инертноста на подвижните делови на сетилникот, па покажаната вредност не може да ја следи вистинската вредност на мерената процесна величина.
  • Додатна грешка се појавува поради промената на надворешните услови кои се јавуваат поради менување на температурата, притисокот и слично.
  • Статичката одлика на сетилникот е определена со зависноста на влзезната величина Y од промените на влезната величина X: Y=f(X)

Поврзано

уреди