Блек Атлас

канадски хип-хоп уметник

Алекзендр Флеминг (англиски: Alexander Fleming, роден на 19 март 1994 година), или познат по уметничкото име како Блек Атлас (Black Atlass), ― канадски пејач, текстописец и модел.[1] Неговата песна, Paris, била промовирана во кампањата на Louis Vuitton, а била претставена и во рекламата за мирисот на Saint Laurent.[2][3][4][5] Тој претходно бил дел од XO/Republic Records и го издал својот деби студиски албум, Pain & Pleasure, во 2018 година.[5][1] Тој го издал својот втор студиски албум Dream Awake во 2020 година.[6][7] [8]

Блек Атлас
Родено имеАлекзендр Флеминг
Роден(а)19 март 1994(1994-03-19)(30 г.)
Монтреал, Квебек, Канада
ПотеклоМонтреал, Квебек, Канада
ЖанровиАлтернативен ритам и блуз
ЗанимањаПејач, песнописец, модел
Период на активност2012–до денес
Издавачи
Мреж. местоhttp://blackatlass.com

Ран живот

уреди

Блек Атлас е роден во Монтреал, Квебек. Откако татко му се вработил, тој се преселил во Лондон, Онтарио, местото каде што тој пораснал.[9][5]

Кариера

уреди

Блек Атлас ја започнал својата музичка кариера додека бил средношколец.[10] Тој го создал истоименото краткометражно издание, The Black Atlass, во подрумот на неговите родители во 2012 година. Синглот на краткометражното издание, Paris, бил искористен од луксузното трговско друштво Louis Vuitton, за да сними филм за прославување на нивната изложба во Музејот на украсни уметности во Париз.[11] Снимката била прикажана и во реклама за мирисот на Saint Loraine во 2013 година. Истата година, Блек Атлас бил поканет во првиот ред и облечен од дизајнерот на машка облека на Кристијан Диор, Крис Ван Асе, за нивното претставување пролет/лето 2014 година во Париз.[10][12][3]

Тој го издал своето второ краткометражно издание, Young Bloods, во 2014 година, преку Fool's Gold Records.[13] За да го промовира краткометражното издание, била организирана турнеја во знак на поддршка на францускиот уметник Вудкид, вклучени биле и состаноци во Торонто, Монтреал и низ цела Европа. Вудкид го режирал и музичкото видео за една од песните на краткометражното издение, „Jewels“, во кое глуми манекенката Ања Рубик.

Во есента 2016 година, Алекзендр Ванг го претставил Блек Атлас во својата модна кампања заедно со Кајли Џенер, Винс Стејплс, Лекси Болинг, Зои Кравиц, A$AP Ferg, Биг Шон, Мечро Бумин, MØ, Скрилекс, Тинашеј, Тајга и други.[4][5]

Во 2018 година, станал дел од издавачката куќа на The Weeknd, XO, и го издадал својот деби студиски албум, Pain & Pleasure. Истата година, тој соработувал со Џеси Рејз на песната „Sacrifice“, која била вклучена во позадинската музика на филмот „Ослободени педесет нијанси“.[8][2][5][1]

Вториот студиски албум на Блек Атлас, Dream Awake, бил објавен на 3 април 2020 година. Албумот се состои од 12 песни.[6][7][8][14] На 1 јули 2022 година, тој ја објавил „страната А“ од неговото краткометражно издание „Infinite“, што било негово прво независно издание преку Black Atlass, Inc. по истекот на неговиот договор со XO/Republic.

Дискографија

уреди
Наслов Година Вид
The Black Atlass EP 2012 Краткометражно издание (6 песни)
Paris 2013 Сингл
Young Bloods 2014 Краткометражно издание (6 песни)
Haunted Paradise 2016 година Албум (11 песни)
Pain & pleasure 2018 Албум (8 песни)
Sacrice (изворна позадинска музика за филмот „Ослободени педесет нијанси“) 2018 Сингл
Dream Awake 2020 Албум (12 песни)
Infinite 2022 година Албум (10 песни)

Признанија и номинации

уреди

Во април 2013 година, Блек Атлас бил признат како „Уметник на неделата“ според „Vogue“.[11] Неговиот албум Pain & Pleasure бил номиниран за Наградата „ЏУНО“ за Снимка од ритам и блуз/соул на годината во 2019 година.[15]

Блек Атлас бил заинтересиран за фотографија и графички дизајн, а првично бил настроен кон тие две професии по завршувањето на средно училиште.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Exploring Sonic Worlds With Black Atlass' Dream Awake“. NUVO (англиски). 7 мај 2020. Посетено на 25 јануари 2023.
  2. 2,0 2,1 „Black Atlass brings the Pain & Pleasure“. Flaunt Magazine (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-12-04. Посетено на 25 јануари 2023.
  3. 3,0 3,1 Reese, Nathan (9 мај 2016). „Musician to Know: Fashion's New Favorite R&B Artist (Published 2016)“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 25 јануари 2023.
  4. 4,0 4,1 4,2 „How Black Atlass Became Fashion's Latest It-Boy: Exclusive“. Billboard (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 „MEET: Black Atlass - The Fresh New Face of Fashion And R&B“. Umusic (англиски). 13 јули 2018. Архивирано од изворникот на 2023-01-25. Посетено на 25 јануари 2023.
  6. 6,0 6,1 Reid, Max. „Review - Black Atlass | Canadian Beats Media“ (англиски). Посетено на 2020-11-27.
  7. 7,0 7,1 „Black Atlass Releases New Album "Dream Awake". HotNewHipHop (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Black Atass New Single: Do for Love“. www.kiss925.com. Архивирано од изворникот на 4 април 2020. Посетено на 25 јануари 2023.
  9. Leijon, Erik. „Black Atlass navigates his way to the stars“. www.montrealgazette.com (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.
  10. 10,0 10,1 „Black Atlass: The anti-Justin Bieber - Macleans.ca“. www.macleans.ca. Посетено на 25 јануари 2023.
  11. 11,0 11,1 Brown, Jacob. „Artist of the Week: Black Atlass“. Vogue (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.
  12. „One to watch: Black Atlass“. Архивирано од изворникот на 4 декември 2020. Посетено на 25 јануари 2023.
  13. „Black Atlass“. First Avenue (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.[мртва врска]
  14. „Black Atlass on Joining XO and Weaving Dreams | Northern Clutch“. Complex (англиски). Посетено на 25 јануари 2023.
  15. „Juno Awards: Full List of Winners | Hollywood Reporter“. www.hollywoodreporter.com. Посетено на 25 јануари 2023.