Блеки е прекарот кој Ерик Клептон и го дал на својата омилена фендер стратокастер гитара.

Ерик Клептон со неговата гитара „Блеки“ на 15 август 1975 година.

Во 1970-та Ерик Клептон ја замени својата Гибсон гитара со фендер стратокастер, што во голема мера се должело на влијанието на Џими Хендрикс и на неговиот колега од „Blind Faith“, Стиви Винвуд. Неговара прва, чиј прекар бил „Brownie“, ја користел при снимањето на албумите „Eric Clapton“ и „Layla and Other Assorted Love Songs“.

Истата година во продавницата за гитари „Sho-Bud“ во Нешвил, Тенеси, Клептон купил шест „vintage strats“ гитари, секоја по сто долари. Откако по една им доделил на Џорџ Харисон, Пити Тоуншенд и Стиви Винвуд, ги земал најдобрите делови од останатите три и ја состави „Блеки“, именувана според нејзиниот црн крај.[1]

За првпат во живо, со „Блеки“, свирел на 13 јануари 1973 г. на „Rainbow Concert“. Оваа гитара, Клептон ја користел уште многу години, како на сцена така и во студио (како и на гостувањето на концертот „The Last Waltz“). Финално, по концертот во Хартфорд, Конектикат, во 1985, престанал да свири со оваа гитара поради проблеми со нејзиниот врат. Во 1987 била издадена гитарата Ерик Клептон стратокастер, направена во согласност со Клептоновите спецификации, па накратко потоа започнал да го користи овој нов модел.

Последното познато место каде што јавноста ја видела „Блеки“ било на телевизиската реклама, во 1990, за јапонската автомобилска фирма Хонда. На барање од компанијата, Клептон ја искористил „Блеки“ за да сними ново соло на песната „Bad Love“ во Њујорк кое било поставено на рекламата. Оваа гитара на сцена била донесена и за време на снимањта во 1991 во „Royal Albert Hall“.

Рекордна цена на светско ниво

уреди

Во 2004 „Блеки“ била продадена за 959,500 американски долари на аукција за поддршка на „Crossroads Centre“, установа основана од Клептон како рехабилитационен центар за одвикнување од зависност од дрога и алкохол. Последната цена била понудена од американскиот национален центар за музичка опрема „Guitar Center“, со што клептоновата гитара го поставила новиот светски рекорд како најскапа гитара. (Во 2006, друг стратокастер, потпишан од група на познати музичари, меѓу кои и Клептон, бил продаден за 2,6 милиони американски долари на хуманитарната аукција за помош на жртвите од земјотресот во индискиот океан. Со ова е поставен новиот рекорд за најскапа гитара на светот)

Репродукција

уреди

Во ноември 2006, фирмата Фендер најавила лимитирана репродукција од 275 „Блеки“ гитари, идентични на оригиналната.[2] Гитарите биле пуштени во продажба на 24 ноември 2006, и биле продадени за само неколку часа.

Наводи

уреди
  1. „„Блеки" (фендер стратокастер)“. Where's Eric. Архивирано од изворникот на 2010-01-11. Посетено на 4 мај 2011.
  2. „Ерик Клептон - „Блеки" Стратокастер“. издавател „Zuitar.com“. Посетено на 2008-08-10.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди