Брауни (гитара)
Брауни — прекар што го дал Ерик Клептон на неговата фендер стратокастер гитара со која свирел во почетокот на 1970-тите, а најзабележлива е во албумот „Layla and Other Assorted Love Songs“ на „Derek and the Dominos“.
Брауни е произведена во 1956, а нејзиниот серсики број е 12073. На 7 мај 1967, во Лондон, Клептон ја купил оваа гитара за 400 долари во времето кога бил на турнеја со неговиот бенд „Cream“ и ја користел на двата концерта. Гитарата се појавува и на неговиот албум „Eric Clapton“ каде што може да биде забележана на обвивката на албумот. Најупотребувана била на албумот „Layla and Other Assorted Love Songs“, снимен во 1970. Но, после 1971 Брауни му користела на Клептон како замена доколку нешто се случело со неговата Блеки, која била, исто така, фендер стратокастер.
Брауни на аукција
уредиНа 24 јуни 1999, Клептон ја продал гитарата на аукција во Њујорк Сити за собирање пари за неговиот „Crossroads Centre“. Брауни била продадена за 450,000 американски долари со што станала најскапо продадената гитара во тоа време, а нејзиниот рекорд бил срушен со продажбата на „Блеки“ на 24 јуни 2004, која била омилената на Клептон. Во 2006, друг стратокастер, потпишан од група на познати музичари, меѓу кои и Клептон, бил продаден за 2,6 милиони американски долари на хуманитарната аукција за помош на жртвите од земјотресот во индискиот океан. Со ова е поставен новиот рекорд за најскапа гитара на светот