Бледски Остров

(Пренасочено од Блед (остров))

Бледски Остров (словенечки: Blejski otok[1]) — мал остров кој се наоѓа на западната страна на Бледскоto Езеро, Општина Блед, Словенија. На врвот на островот постои средновековна, неоготска црква која датира од 15 век, и според која, и островот и целото езеро е добро познато. Црквата била обновена за време на барокниот период, и од тој период до црквата била поставена камбанарија. Недалеку од црквата се единствените две куќи на островот, кои се поврзани со црквата со прекрасни скалила. Површината на островот Блед е само 0,82 хектари, а се наоѓа на надморска височина од 18 метри. Островот бил прогласен за споменик од национално значење во 1999 година и вклучен во списокот на недвижно културно наследство на Словенија[2].

Бледски Остров
Blejski otok
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value
Географија
МестоБледско Езеро
Координати46°21′52″N 14°05′41″E / 46.36444° СГШ; 14.09472° ИГД / 46.36444; 14.09472
Највисоко место75 м
Држава
Општина Блед

Создавање

уреди

Островот бил формиран од тектонски движења и од ефектот на речна ерозија во плеистоценот. Подоцна, со ледничко дејство, островот понатаму бил трансформиран и намален.

Историја

уреди

Првите знаци за постоење на островот датираат од младото камено време - неолит, но експертите претпоставуваат дека островот бил тогаш само привремен риболовен остров. На островот, исто така, археолошки се потврдени и неколку остатоци од објекти, вклучувајќи и два рани средновековни периоди.[3][4] Археолошки ископувања под темелите од најстарата средновековната црква покажале дека под нејзините темели имало дрвена правоаголна зграда, која, според наодите од истражувањата била изградена во раниот среден век[5]. Храмот изгледа дека бил посветен на Жива, словенска божица на љубовта и плодноста. Поради хронолошката местоположба на објектот, археолозите исто така сметаат на можноста дека овде постоел и претхристијанско светилиште, главно поради раносредновековните гробишта, кои датираат од 9 век, со 124 скелети кои биле откриени.

Туризам

уреди

Островот Блед е многу популарно туристичко одредиште во Словенија. Во прилог на црквата, која секако е најпознатото обележје на островот, туристичката атракција е, исто така, и скалилото што води кон истото, проследено со статуа на Марија Магдалена и готски светилник сместен во близина на јужниот дел на црквата.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Blejski otok
  2. Бледско острво — национални споменик Словеније
  3. Šribar (1972). K dataciji zgodnjesrednjeveške cerkvene arhitekture na Slovenskem. Arheološki vestnik. str. 12.
  4. Uradni list. Odlok o razglasitvi Blejskega otoka za kulturni spomenik državnega pomena, člen št.2)
  5. Pleterski, A: Strukture tridelne ideologije v prostoru pri Slovanih. - Zgodovinski časopis 50, št. 2, 1996

Надворешни врски

уреди