Блажо Митревски
Блажо Владимиров Митревски ( 1923 во Радишани, Скопје — 1946 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која учествувал во сите борби на Бригадата против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Скопје се префрлил во баталјонот при Командата на градот. Од воените напори во првите месеци на 1945 година се разболел од туберкулоза и починал пролетта 1946 година.[1]