Благоја Крстов
Благоја Аризанов Крстов ( 1923 во Прилеп ― 4 април 1944 во Пробиштип, Македонија) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Благоја Крстов | ||
Роден | 1923 година Прилеп, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 4 април, 1944 година Пробиштип, Царство Бугарија |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште во Прилеп. Со своето семејство во 1935 година се доселиле во Скопје. Тука изучил занает и работел како бербер. Од 1943 година бил поврзан со Народноослободителното движење. Отпрвин бил ангажиран со заднинска работа. Во јануари 1944 година заминал во Кумановскиот партизански одред, а подоцна и се приклучил во Третата македонска ударна бригада. Во нејзиниот состав учествувал во повеќе борби против окупаторот и домашните предавници. Во борбите се истакнувал како мошне смел борец. На 4 април 1944 година, во победоносниот напад на Третата македонска ударна бригада за ослободување на Пробиштип, тој храбро загинал.[1]