Благоја Зафировски

Благоја Петров Зафировски ( 1917 во Скопје1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Откако го завршил основното училиште изучил занает. Работел како ковач. Во април 1941 година, во првите денови на окупацијата, бил заробен и одведен во Германија, каде останал седум месеци. Подоцна стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во третата чета на третиот баталјон. Во состав на бригадата учествувал во сите позначајни акции против Германците на железничката линија Скопје - Велес. На 13 ноември 1944 година, учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје, а потоа во борбите против балистите во близина на Сарај. Оттаму заминал на Косово каде ја продолжил борбата за разоружување и уништување на балистите. Во тие борби се истакнал како искусен и бестрашен борец. Од напорите во борбата оболел од белодробна туберкулоза. Поради тешката болест бил пуштен да се лечи. Но, само еден месец по демобилизирањето подлегнал на болеста, во февруари 1945 година.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 191. На |first= му недостасува |last= (help)