Благоја Јовески
Благоја Силјанов Јовески ( 1923 во Бигор Доленци, Кичевско — 1945 во Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Благоја Јовески | ||
Роден | 1923 година Бигор Доленци, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Сремски фронт, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи своето образование, се занимавал со земјоделство. Определен за борба против окупаторот се приклучил во редовите на Седмата бригада. Учествувал во завршните борби во Македонија, а потоа заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со Германците во април 1945 година.[1]