Битка кај преминот на Апачите (филм од 1952)
Битка кај преминот на Апачите (англиски: The battle at Apache pass) - американски филм од 1952 година, во режија на Џорџ Шерман (George Sherman), по сценариото на Џералд Дрејсон Адамс, напишано според вистинските историски настани (познати како „Аферата Баском“ од 1861 година и „Битката кај преминот на Апачите“ од 1862 година). Главните улоги ги толкуваат: Џеф Чендлер, Џон Лунд, Беверли Тајлер, Брус Каулинг, Сузан Кебот, Џон Хадсон, Џејмс Бест, Реџис Туми, Ричард Иган, Џеј Силверхилс и Хју О'Брајан. Филмот бил премиерно прикажан во април 1952 година и во тоа време бил најгледаниот филм во американските кино-сали. Овој филм бил дел од низата вестерни од 1950-тите кои ги опишуваат страдањата на Индијанците и нечесната политика на белците кон индијанското прашање. Притоа, познатиот француски режисер Бернар Таверние многу пофално се изразил за филмот.[1]
Синопсис
уредиНа почетокот на 1860-тите, за време на Граѓанската војна во САД, на територијата на Конфедерацијата во Аризона владее мир меѓу племето Читикахуа и коњаницата под водство на офицерот Џим Колтон (го игра Лунд). Колтон е личен пријател на индијанскиот главатар Кочиз (го игра Чендлер) и неговата бремена жена Нона (ја игра Кебот). Џеронимо (го игра Силверхилс) напаѓа група бели доселеници, ги убива и ја заробува белата девојка Мери Керни (ја игра Тајлер). Меѓутоа, Кочиз се жртвува себеси и ја спасува Мери и ја враќа Мери во воената база, извинувајќи му се на Колтон. Тогаш, Колтон се вљубува во Мери. Истовремено, во базата пристигнува нова чета, со силно вооружување, предводена од Нил Бејлор (го игра Каулинг) - новиот советник за индијански прашања за територијата на Аризона. Со него доаѓа и трговецот Мескал Џек кој е на лош глас поради продажбата на оружје и алкохол. Бејлор се надева да стане гувернер на територијата на која живеат Апачите и затоа има план да ги пресели во резерват, но на таа идеја се спротивставуваат мајорот Колтон и Кочиз. Затоа, тој се договара со Џеронимо да ги нападне белците, а додека Колтон е отсутен од базата, еден негов офицер ги заробува Кочиз, Нона и брат му на Кочиз, Малиот Елен. Сепак, Кочиз успева да побегне, а потоа, тој убива еден белец, додека американските војници ги обесуваат тројцата заробени Индијанци. Истовремено, Кочиз го убива Мескал Џек. Така, започнува војната меѓу Индијанците и американската војска при што Кочиз се здружува со Џеронимо и со другите племиња. Притиснат од нападите на Индијанците, Колтон наредува војската да се премести на друго место, но во една долина ги чекаат Индијанците. Тогаш, американската војска мора да ја употреби артилеријата при што убива многу Индијанци. Во борбата, Џеронимо го убива Бејлор. Откако ќе биде ранета неговата сопруга, Кочиз се предава и бара медицинска помош од војската. Во меѓувреме, Џеронимо се прогласува за водач на Апачите, но Кочиз го победува во лична борба, а потоа го прогонува од земјата на Апачите. Воениот лекар ја спасува Нона, која во тој миг се пораѓа, а Кочиз му дозволува на Колтон безбедно да помине по долината.[2] [3]
Наводи
уреди- ↑ „HRT (пристапено на 15.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 2017-12-16.
- ↑ „HRT (пристапено на 15.12.2017)“. Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 2017-12-16.
- ↑ IMDb, The Battle at Apache Pass (1952) (пристапено на 16.12.2017)