Битка кај Отонети
Битката кај Отонети се одвила на 27 септември 1446 година помеѓу албанската армија на чело со Скендербег од една страна, и Османлиското Царство од друга страна на чело со Мустафа Паша. Битката се одвила во близина на Отонети, во Дебарската област. Во оваа битка Османлиите повторно доживеале огромен пораз.
Битка кај Отонети | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Османлиски војни во Европа | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Лешка лига | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Скендербег | Мустафа Паша | ||||||
Сила | |||||||
5,000 | 15,000 коњаница | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато | 5,000 мртви или повредени, 300 заробени |
Заднина
уредиНабргу откако Скендербег успеал да ги соедини сите кнежевства во денешна Албанија во 1443 година, Османлиското Царство веднаш ја испратила своја војска за да го задуши Востанието на Скендербег. Османлиите доживеале пораз во Битката кај Торвиол и Мокра. По овие две големи победи на Скендербег, тој воспоставил дипломатски односи со европските сили, пред сè со Арагон и папата. Мурат II покренал нови воени походи против востаниците на Балканскиот Полуостров.
Битка
уредиСултанот Мурат се подготвувал за голема војна против Јанош Хунјади, кој бил регент во Кралство Унгарија. Во меѓувреме тој наредил околу 15.000 војници да се испратат во Албанија. Планот на Турците бил да не се дојде до директна битка или војна, туку најпрвин да се ограби месното население и да се спроведе определен терор врз истото. Армијата на Мустафа била поделена во два лагери. Првиот се упатил кон Отонети, додека пак другиот ја чувал својата позиција. Кога Скендербег научил дека османлиската армија е поделена, тој со околу 5.000 војска го нападнал Отонети.
Во битката, околу 5.000 османлиски војници биле убиени, а околу 300 заробени. Целиот камп којшто бил создаден од Османлиите паднал под контрола на Скендербег. По ова, султанот му наредил на Мустафа Паша да се повлече кон границата и да се погрижи албанските војници да не преминат кон Македонија.