Битка за Атлантикот

Битката за Атлантикот е најдолгата континуирана воена кампања [1] [2] во Втората светска војна, која траела од 1939 година до поразот на нацистичка Германија во 1945 година, опфајќајќи најголем дел од поморската историја од Втората светска војна. Во сржта на битката била сојузничката поморска блокада на Германија, објавена ден по објавувањето на војната, и контра блокадата на Германија која следела подоцна. Кампањата кулминирала од средината на 1940 година до крајот на 1943 година.

Битка за Атлантикот
Дел од Втора светска војна

U-848 е нападнат од Американската воена морнарица, ноември 1943
Датум 3 септември 1939 – 8 мај, 1945
(5 години, 8 месеци и 5 денови)
Место Атлантски Океан, Рио де ла Плата, Северно Море, Ирско Море, Лабрадорско Море, Свети Лаврентиј (залив), Карипско море, Мексикански Залив, Северноледен Океан
Исход Победа на сојузниците
Завојувани страни
 Обединето Кралство
 Канада
 САД[б 1]
Предлошка:Country data Vargas Era[б 2]
Предлошка:Clist
 Германија
Предлошка:Country data Fascist Italy (1922-1943)[б 3]
Предлошка:Country data Vichy France[б 4]

Во Битката за Атлантикот нацистичките подморници, другите воени бродови на германската Кригсмарине (Морнарицата) и авионите на Луфтвафе (воздухопловните сили) се спротивставиле на Британската кралската морнарица, Канадската кралска морнарица, морнарицата на Соединетите држави и сојузничките трговски бродови. Конвоите, кои претежно оделе од Северна Америка кон Обединетото Кралство и Советскиот Сојуз, биле најчесто штитени од британската и канадската морнарица и нивните воздухопловни сили, а од 13 септември 1941 година ним им помагале и воените бродови и авиони на САД.[3] На 10 јуни 1940 година, откако германскиот сојузник на оската Италија се приклучила во војната, подморниците на италијанската Реџиа марина (Кралската морнарица) застанале на германска страна во Битката за Атлантикот.

Како островска земја, Обединетото Кралство била зависна од увоз на стока. Во Британија требало да се увезуваат милион тони материјал неделно за да може да преживее и да се бори. Всушност, битката за Атлантикот била тонажна војна: борбата на сојузниците за снабдување на Британија и обидот на Оската да го запре протокот на трговските бродови кои би ѝ овозможиле на Британија да продолжи да се бори. По 1942 година, Оската се обидувала да го спречи складирањето на сојузнички резерви и опрема на Британските Острови како подготовка за инвазијата на окупирана Европа. Уништувањето на заканата од У-бродовите (подморниците) било предуслов за истиснување на Оската од Западна Европа. Битката завршила со стратешка победа за сојузниците (германската блокада била безуспешна), но за победата била платена висока цена: во Атлантикот биле потонати 3.500 трговските бродови и 175 воени бродови наспроти 783  У-бродови (најголем дел од нив биле Тип VII подморници) и 47 германски воени бродови, меѓу кои и 4 борбени бродови (Бизмарк, Шарнхорст, Гнајсенау и Тирпиц), 9 крстосувачи, 7 напаѓачи и 27 уништувачи. Од У-бродовите, 519 биле потонати од британските, канадските или други сојузнички сили, а 175 биле уништени од американските сили; 15 биле уништени од Советите, а 73 биле уништени од сопствениот екипаж пред крајот на војната од различни причини.

Битката за Атлантикот е наречена „најдолгата, најголемата и најсложената“ поморска битка во историјата.[4] Кампањата започнала веднаш по почетокот на војната во Европа, за време на таканаречената „Лажна војна“ и траела преку пет години, до германската капитулација во мај 1945 година. Во битката учествувале илјадници бродови во преку 100 битки со конвои и можеби 1.000 еден на еден средби, во театар кој покрива милиони квадратни километри од океанот. Ситуацијата постојано се менувала, те едната те другата страна била во предност, затоа што земјите учеснички се предавале, се приклучувале, па дури и ја менувале страната во војната, и затоа што било развивано ново оружје, нови тактики, контрамерки и опрема од двете страни. Сојузниците постепено стекнувале предност, совладувајќи ги германските напаѓачки бродови до крајот на 1942 година и поразувајќи ги У-бродовите до средината на 1943 година. Британскиот премиер Винстон Черчил подоцна напишал: „Единственото нешто што навистина ме исплаши за време на војната беше опасноста од У-бродовите. Бев повознемирен за оваа битка отколку за славната воздушна борба наречена „Битката за Британија[5]

Наводи

уреди
  1. Blair 1996a.
  2. Woodman 2004
  3. Carney, Robert B., Admiral, USN.
  4. David Syrett, The defeat of the German U-boats: The Battle of the Atlantic (1994).
  5. Edgerton 2011.

Белешки

уреди
  1. 1941-1945
  2. 1942-1945
  3. 1940-1943
  4. 1940-1942

Библиографија

уреди
  • Barone, João (2013). 1942: O Brasil e sua guerra quase desconhecida [1942: Brazil and its almost Forgotten War] (португалски). Rio de Janeiro. ISBN 978-85-209-3394-7.
  • Bennett, William J (2007). America: The Last Best Hope, Volume 2: From a World at War to the Triumph of Freedom 1914–1989. United States: Nelson Current. ISBN 978-1-59555-057-6.
  • Buckley, John (1995). The RAF and Trade Defence, 1919–1945: Constant Endeavour. Ryburn. ISBN 978-1-85331-069-0.
  • Buckley, John (1998). Air Power in the Age of Total War. UCL Press. ISBN 978-1-85728-589-5.
  • Blair, Clay, Jr. (1996a). Hitler's U-Boat War: The Hunters 1939–1942. I. Cassell. ISBN 978-0-304-35260-9.
  • Blair, Clay, Jr. (1996b). Hitler's U-Boat War: The Hunted 1942–1945. II. Cassell. ISBN 978-0-304-35261-6.
  • Blair, Clay, Jr. (1976). Silent Victory: The U.S. Submarine War against Japan (2. изд.). New York: Bantam. OCLC 67926975.
  • Bowling, R. A. (December 1969). „Escort of Convoy: Still the Only Way“. United States Naval Institute Proceedings. 95 (12): 46–56. ISSN 0041-798X.
  • Bowyer, Chaz (1979). Coastal Command at War. Shepperton, Surrey, UK: Ian Allan Ltd. ISBN 978-0-7110-0980-6.
  • Carruthers, Bob (2011). The U-Boat War in the Atlantic: Volume III: 1944–1945. Coda Books. ISBN 978-1-78159-161-1.
  • Carey, Alan C. (2004). Galloping Ghosts of the Brazilian Coast. Lincoln, NE USA: iUniverse, Inc. ISBN 978-0-595-31527-7.
  • Copeland, Jack (2004). „Enigma“. Во Copeland, B. Jack (уред.). The Essential Turing: Seminal Writings in Computing, Logic, Philosophy, Artificial Intelligence, and Artificial Life plus The Secrets of Enigma. ISBN 978-0-19-825080-7.
  • Costello, John; Hughes, Terry (1977). The Battle of the Atlantic. London: Collins. OCLC 464381083.
  • Edgerton, David (2011). Britain's War Machine: Weapons, Resources, and Experts in the Second World War (англиски). Oxford University Press, USA. ISBN 978-0-19-983267-5.
  • Giorgerini, Giorgio (2002). Uomini sul fondo : storia del sommergibilismo italiano dalle origini a oggi [Men on the bottom: the history of Italian submarines from the beginning to the present] (италијански). Milano: Mondadori. ISBN 978-88-04-50537-2.
  • Hendrie, Andrew (2006). The Cinderella Service: RAF Coastal Command 1939–1945. Pen & Sword Aviation. ISBN 978-1-84415-346-6.
  • Ireland, Bernard (2003). Battle of the Atlantic. Barnsley, UK: Pen & Sword Books. ISBN 978-1-84415-001-4.
  • Kohnen, David (Winter 2007). „Tombstone of Victory: Tracking the U-505 From German Commerce Raider to American War Memorial, 1944–1954“. The Journal of America's Military Past. 32 (3): 5–33. OCLC 40770090.
  • Kohnen, David (1999). Commanders Winn and Knowles: Winning the U-boat War with Intelligence, 1939–1943. Kraków: Enigma Press. ISBN 978-83-86110-34-6.
  • Kohnen, David (2001). „F-21 and F-211: A Fresh Look into the Secret Room“. Во Bolano, Randy C.; Symonds, Craig L. (уред.). New Sources in Naval History: Selected Papers from the Fourteenth Naval History Symposium. Annapolis, MD: Naval Institute. OCLC 657999171.
  • Levine, Alan J. (1991). „Was World War II a near-run thing?“. Во Lee, Loyd E. (уред.). World War II: crucible of the contemporary world. M. E. Sharpe. ISBN 978-0-87332-731-2.
  • Lund, Paul; Ludlam, Harry (1972). Trawlers Go To War. London: Foulsham. ISBN 978-0-450-01175-7.
  • Maximiano, Cesar Campiani; Neto, Ricardo Bonalume (2011). Brazilian Expeditionary Force in World War II. Long Island City: Osprey Publishing. ISBN 978-1-84908-483-3.
  • Morison, Samuel Eliot. (1947). History of United States Naval Operations in World War II: The Battle of the Atlantic; September 1939 – May 1943. Boston: Little Brown. ISBN 978-0-252-06963-5. Посетено на 8 November 2017.
  • Parkin, Simon (2020). A game of birds and wolves : the ingenious young women whose secret board game helped win World War II. New York: Little, Brown and Company. ISBN 978-0-316-49208-9. OCLC 1137788010.
  • Pettibone, Charles D. (2014). The organization and order of battle of militaries in WWII. IX. Trafford. ISBN 978-1-4907-3386-9.
  • Rohwer, Jürgen. Die italienischen U-Boote in der Schlacht im Atlantik 1940–43 [The Italian submarines in the Battle of the Atlantic 1940–43] (германски).
  • Roskill, S. W. (1957) [1954]. Butler, J. R. M. (уред.). The War at Sea 1939–1945: The Defensive. History of the Second World War United Kingdom Military Series. I (4 impr.. изд.). London: HMSO. OCLC 881709135. Посетено на 8 November 2017.
  • Roskill, S. W. (1961). The War at Sea. III. Part 2. London: HMSO. OCLC 226236418.
  • van der Vat, Dan (1988). The Atlantic Campaign. ISBN 978-0-340-37751-2.
  • Sebag-Montefiore, Hugh (2004) [2000]. Enigma: The Battle for the Code (Cassell Military Paperbacks. изд.). London: Weidenfeld & Nicolson. ISBN 978-0-297-84251-4.
  • Votaw, Homer C. (1950–51). The Brazilian Navy in World War II. US Government Printing Office; Congressional Record: Proceedings and Debates of US Congress, Volume 96, Part 8.Senate and Military Review, Volume XXX, Number X.
  • Welchman, Gordon (1997) [1982]. The Hut Six story: Breaking the Enigma codes. Cleobury Mortimer, England: M&M Baldwin. ISBN 978-0-947712-34-1. New edition updated with an addendum consisting of a 1986 paper written by Welchman that corrects his misapprehensions in the 1982 edition.
  • Woodman, Richard (2004). The Real Cruel Sea: The Merchant Navy in the Battle of the Atlantic, 1939–1943. London. ISBN 978-0-7195-6403-1.
  • Woodman, Richard (2005). The Real Cruel Sea. John Murray. ISBN 978-0-7195-6599-1.

Дополнително читање

уреди
Официјални историски книги

Надворешни врски

уреди


 Оваа статија поврзана со војска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.