Светиврачка Бистрица

река во Пиринска Македонија
(Пренасочено од Бистрица (Светиврачка))

Светиврачка Бистрица (Санданска Бистрица или само Бистрица; бугарски: Санданска Бистрица, порано: Светиврачка Бистрица) — река во Светиврачко, Пиринска Македонија, лева притока на Струма.[1] Долга е 33 км. Се одвонува од делови на југозападните падини на Пирин.[2]

Светиврачка Бистрица
Санданска Бистрица
Светиврачка Бистрица кај градот Свети Врач
Местоположба
ЗемјаБугарија
Физички особености
Извор 
 • местоТевно Езеро, Пирин
 • надм. вис.2.512 м
Устие 
 • место
Струма
 • координати
41°31′54″N 23°14′53″E / 41.53167° СГШ; 23.24806° ИГД / 41.53167; 23.24806
 • надм. вис.
104 м
Должина33 км
Големина на сливот139 км2
Проток 
 • просечен2,9 м3
Особености на сливот
ТечениеСтрумаЕгејско Море

Реката извира од југоисточниот агол на Тевното Езеро (на 2.512 м.н.в.), сместено во циркот Белемето во Северен Пирин. Потоа минува низ уште четири од Малокаменичките Езера под името Мозговица, па се насочва кон запад. Откако ќе ја прими полноводната притока Башлиица (од десно), Светиврачка Бистрица свртува на југозапад и тече во длабока и оскудно пошумена долина. По месноста Тремошница, каде се влеваат притоките Расланковица и Арнаутдере (Тремошница), веќе се нарекува Светиврачка Бистрица. Кај градот Свети Врач (Сандански) излегува од планината и навлегува во Светиврачко-петричката Котлина, образувајќи голем наносен конус.[2] Се влева во левиот брег на Струма, на 104 м.н.в. во индустриското подрачје на Свети Врач.

Сливот зафаќа 139 км2, што сочинува 0,8 % од целито слив на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Башлиица
  • → Беговица
  • ← Срчалиица
  • → Расланковица
  • ← Арнаутдере (Тремошница)
  • ← Урсук (Урсум)
  • → Липошница

Реката претежно се напојува од стопен снег и дождови; најполноводна е во мај, а најслабоводна во септември. Средниот годишен истек кај селото Лиљаново изнесува 3,35 м3, а во устието — 2,9 м3.[2]

По течението на реката во Општина Свети Врач има 3 населени места, од кои 1 град и 2 села: Лиљаново, Стожа, Сандански, како и одморалишните места Попина Лака и Тремошница.

Голем дел од водите на реката се зафатени од централите „Попина Лака“, „Лиљаново“ и „Сандански 1“ за производство на електрична енергија. Во најголното течение водите се користат за наводнување.

Во горното течение на реката се наоѓа Попинолачкиот Водопад — еден од петте големи водопади на планината Пирин.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Душков, Добри (1972). Пирин. Туристически речник. София: Наука и култура.
  2. 2,0 2,1 2,2 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 48.

Надворешни врски

уреди