Попина Лака

месност на планината Пирин во Пиринска Македонија

Попина Лака (бугарски: Попина лъка) — месност и планинско одморалиште во севенриот дел на планината Пирин, Пиринска Македонија.

Поглед на Попина Лака.
Карта
Местоположба на Попина Лака

Месноста се наоѓа 18 км североисточно од градот Свети Врач (Сандански), на надморска височина од 1.250 м.

Овде се наоѓаат планинарскиот дом „Јане Сандански“ и познатиот Попинолачки Водопад, уште одамна прогласен за споменик на природата. Ова е одморалишна населба со бројни викендички, од кои голем дел се издаваат за сместување за гости.

Местото лежи меѓу вековни иглолисни шуми, промешани со извесни листопадни видови. Во близина тече реката Светиврачка Бистрица.

Населбата исто така е поаѓалиште за повеќе туристички правци. На подрачјето се одвива лов и риболов.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия Пирински край. Том 2, Благоевград, 1999, стр. 137

Надворешни врски

уреди

41°40′15″N 23°23′34″E / 41.6708° СГШ; 23.3927° ИГД / 41.6708; 23.3927