Попинолачки Водопад
водопад на планината Пирин во Светиврачко, Пиринска Македонија
Попинолачки Водопад (бугарски: Попинолъшки водопад) — водопад во северниот дел на планината Пирин, Пиринска Македонија. Се наоѓа во месноста Попина Лака, 18 км од градот Свети Врач (Сандански), на надморска височина од 1.230 м. Сместен е по течението на реката Башлиица, на стотина метри над нејзиниот влив во реката Срчалиица, кои заедно ја образуваат Светиврачка Бистрица. Висок е 15 м (според други податоци — 12 м) и се одликува со полноводност преку целата година. На 11 октомври 1965 година е прогласен за споменик на природата под називот „Водопад на реката Светиврачка Бистрица“ (Водопада на река Санданска Бистрица).
Попинолачки Водопад | |
---|---|
Попинолъшки водопад | |
Попинолачкиот Водопад | |
Место | Попина Лака, Пирин |
Надм. висина | 1.230 м |
Вкуп. висина | 15 м |
Река | Башлиица |
Најблиско населено место е с. Лиљаново, а до планинарскиот дом „Јане Сандански“ се стасува за 5–6 минути.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Попинолачки Водопад на Ризницата ?
- Попинолачки Водопад — профил во Извршната агенција за животна средина (бугарски)
- Попинолачкиот Водопад Архивирано на 30 април 2010 г. на „Бугарски знаменитости“ (бугарски)
- Попинолачки Водопад на Водопади во Бугарија (бугарски)
- Напис на Елена Иванова за Попинолачкиот Водопад (бугарски)