Бистрица (Албанија)
Вистрица (албански: Bistricë) — река во југозападна Албанија со должина од 25 км. Претставува единствената река во земјата што се влева во Јонското, наместо во Јадранското Море.
Бистрица | |
---|---|
Изворно име | Bistricë (албански) |
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Јонско Море 39°50′38″N 20°1′52″E / 39.84389° СГШ; 20.03111° ИГД |
Должина | 25 км |
Особености на сливот |
Географија
уредиРеката почнува од планината Сопот (Ѓера) кај Фојник (Финиќ). Главниот извор е Сино Око (Syri i Kaltër) кај с. Кронги, но водата се собира и од изворите кај блиските села Печа, Гардикак, Велјахово и други.[1] Минува низ подрачјата на Месопотам и Фојник, долж патот Саранда - Ѓирокастро.
Првобитно, реката се влевала во Бутринтското Езеро, кое е поврзано со Јанското Море преку каналот Вивари, но во 1958 г. е пренасочена кон каналот Чука.
Стопанство и туризам
уредиРеката не е пловна, но во 60-тите години на XX век на неа е изградено вештачкото Бистричко Езеро (Liqeni i Bistricës) со три хидроцентрали.[2] Во извесна мер,а водата се користи и за наводнување на полињата на блиското село Кенурио (Вург). Капацитетите се приватизирани во 2010 г., проследено со многу контроверзии.[3][4]
Познато туристичко место е карстниот извор на реката наречен Сино Око кај с. Кронги на место богато со растителен и животински свет.
Поврзано
уреди- Бистрица — село по течението на реката
- Бистрица — истоимени реки и населени места во разни земји
- Список на реки во Албанија
- Список на езера во Албанија
Извори
уреди- Sjöberg, Örjan. "A Contribution to the Geography of Hydro-Electric Power Generation in Albania", Osterreichische Osthefte [Vienna], 29, No. 1, 1987, 5-27. ISSN 0029-9375
- Mevlan Kabos; Eshref Pumo; Farudin Krutaj. "Gjeografia fizike e Shqipërisë : në dy vëllime", Qendra e Studimeve Gjeografike (Akademia e Shkencave e RPS të Shqipërisë), 1990–1991, 112. OCLC 38055712
Наводи
уреди- ↑ „Vlore County - official page“. Архивирано од изворникот на 2013-11-05. Посетено на 2015-08-05.
- ↑ KESH - History of Energy in Albania Архивирано на 29 мај 2014 г. (албански)
- ↑ Владата ја продаде хидроцентралата на измамник, уапсен од ФБИ во Кипар, AMA News, 2010-08-08, Архивирано од изворникот на 2014-01-12, Посетено на 11 January 2014
- ↑ Бистрица-1 и Бистрица-2 се во тек на приватизација, владата прифати понуда од Курум, 9 January 2013, Посетено на 12 January 2014
Надворешни врски
уреди„Бистрица (Албанија)“ на Ризницата ? |
- Географија Архивирано на 12 јануари 2014 г.