Беш Тепе (Карбинци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Беш Тепе

Карта

Местоположба 41°49′00″N 22°14′15″E / 41.81667° СГШ; 22.23750° ИГД / 41.81667; 22.23750
Основни податоци
Место Карбинци
Општина Карбинци
Тип

 населба


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“

Беш Тепе (позната и како Анче-Баргала) — градска населба од римското и доцноантичкото време. Се наоѓа на околу 600-700 метри југоисточно од селото Карбинци, од левата страна на патот за селото Радање. Во времето на Втората светска војна, во нивата на Тодор Трајчев при орање била откриена плоча од варовник со латински натпис, димензии од 1,28 × 0,64 × 0,24 метри, која подоцна ја објавил И. Венедиков. Во текстот од пет реда, испишан во неправилна римска капитела, се соопштува дека во времето на царевите Валенс и Валентиниј, по наредба на Антониј Алипиј, управник на Внатрешна Дакија, населението на градот Баргала изградило порта, во 371 година. Врз основа на овие податоци, градот Баргала е присутен во историските извори, а Венедиков го сместува на ова место меѓу атарите на селата Карбинци, Таринци и Долни Козјак, познато кај селаните уште и под имињата Градиште и Могилките. Не се знае дали градот бил заштитен со одбранбени бедеми и порта или пак споменатата порта била подигната поради одреден повод. Откривањето на плочата е дотолку интересно што овозможува дел од јужната граница на средоземна Дакија, во втората половина на IV век, да се спушти сѐ до реката Брегалница.[1]

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.