Шилка (планина)

планина во Драмско, Егејска Македонија

Шилка[1][2] или Свети Тодор Планина (грчки: Ταρτάνα или Άγιο Πνεύμα, Агио Пневма) — планина во Драмско, Егејска Македонија, дел од Драмски Боздаг.[3]

Шилка
Άγιο Πνεύμα
Шилка на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.631 м
Координати41°21′21″N 23°58′03″E / 41.3557° СГШ; 23.9674° ИГД / 41.3557; 23.9674
Географија
МестоДрамско, Егејска Македонија
Матичен венецДрамски Боздаг
Карта
Топографска карта на подрачјето

Опис

уреди

Планината е сместена во северозападниот дел на Драмско. На исток е издвоена од главнината на Драмски Боздаг со Волачкиот Превој (990 м) и реката Каменица, притока на Места. На север низ Ливадичкиот Превој, селото Ливадишта и реката Милорема се граничи со планината Бесленски Рид. На југ е одвоен од планинскиот масив Штудер со реката Калина (Ѓуреџичка Река, Ружденска Река, Ксиропотамос) и Ѓуреџичкиот Превој (Ружденски Превој, 820 м). На запад доаѓа до Зрновско Поле (540 м).[3]

Реката Бела Вода ја дели на северен и јужен дел.

Карпите на планината се кристални варовници и мермер.[3]

Европската пешачка патека Е6, која врви Долно Броди - Старчишта - Куманич - Зрново, ја пресекува Шилка кон Волак. До врвот се стасува или од Зрново (570 м) или од Волак (820 м) по Е6 за околу 4 часа.[3]

Потекло на името

уреди

Според Јордан Иванов, името доаѓа од поимот шило, веројатно поради обликот на врвот.[4]

Врвови
Име Грчки Висина (м) Местоположба
Шилка Ταρτάνα, Άγιο Πνεύμα 1.631[3] на главното било
Големи Голишта Αγαθάγγελος, Μεγάλη Γκόλιστα, Μεγάλη Γκόλτσα 1.029[3] во З дел, веднаш И од Зрново
Свети Тодор Άγιοι Θεόδωροι 1.246 - 1.155[3] во З дел, СИ над Зрново
Свети Петар Άγιος Πέτρος 1.431[3] Ј од главниот врв Шилка
Кувандивач Άρμενα, Καλέ, Κουβάντιβατς 1.567[3] во И дел, СЗ над Волак
Βασιλικό Βουνό 1.100[3] во ЈИ дел, СИ над Руждене (Ѓуреџик)
Γλυκόριζα 1.230[3]
Γρανίτης 1.360[3] во Ј дел, С над Руждене
Έλκη 1.213[3] во И дел, веднаш З над Волак
Голема Падина Ιατρού Σαμαρά, Γκολιάμα Παντίνα 1.261[3]
Кади Бунар Καντί Μπουνάρ 1.462[3]
Барчина Κόντρα, Μπαρτσίνα 1.160[3]
Казар Тубар Μακρυπλαγιά, Καζάρ Τουμπάρ 1.278[3] во Ј дел, С над Руждене
Μεσαία Ράχη 1.302[3] во С дел, над Ливадишта
Весеник Νίκη, Κυδωνιές, Γιούσενικ, Βεσενίκ 1.262[3] во СИ дел
Οχυρό 1.029[3]
Папуци Παπούτσι, Πατούτσι 1.143[3] во ЈИ дел, СИ над Руждене
Свети Илија Προφήτης Ηλίας 1.119[3] во Ј дел, веднаш С над Руждене
Συνταγματάρχου Μαρκάκη 1.071[3]
Трна Τράνα 1.367[3] СЗ над Волак
Камено Καμένο 804[3] во СЗ дел
Бран Κάστρο, Μπραν Λόφος 680[3] во СЗ дел
Μαυριάνη 733 - 703[3]
Орта Баир Μεσοβούνι, Ορτά Μπαΐρ 976[3] меѓу двата дела
Ράχη Ταρτάνας 887[3]
Мали Голишта Στρατιώτης Σουπαλίδης, Μικρή Γκόλιστα 700[3]
Усоја Ταγματάρχου Δολκεράκη, Ουσόγια 973[3] во ЈЗ дел, ЈИ над Зрново и СИ над Елес

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Кънчов, Васил (1894–1896). „Пѫтуванье по долинитѣ на Струма, Места и Брѣгалница“ (pdf). Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, Книга XII, Книга XIII. София: Министерството на Народното Просвѣщение. стр. 328–329, 235, 238.CS1-одржување: датумски формат (link)
  2. Карта на BgMountains.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 3,21 3,22 3,23 3,24 3,25 3,26 3,27 3,28 3,29 3,30 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 358. ISBN 978-960-86676-6-2.
  4. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 222.