Белуџискиот е западноирански јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици.[2] Белуџискиот е мајчин јазик на Белуџите во регионот Белуџистан во Иран и Пакистан. Исто така, за некои Брахуи јазикот е втор јазик. Белуџискиот е еден од деветте официјални јазици во Пакистан и покраински јазик во Иран.

Белуџиски јазик
بلۏچی balòci Balóćí
Balòci.png
Белуџиски на персиско писмо
Застапен воПакистан, Иран, Авганистан, Туркменистан, ОАЕ, Оман
НародБелуџи
Говорници7.6 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Статус
Службен воПакистан Белуџистан, Пакистан; Иран Систан и Белуџистан, Иран
Регулативен органБелуџиска Академија (Пакистан)
Јазични кодови
ISO 639-2bal
ISO 639-3bal — опсежен код
Поединечни кодови:
bgp — источнобелуџиски
bgn — западнобелуџиски
bcc — јужнобелуџиски
Linguasphere58-AAB-a > 58-AAB-aa (источнобелуџиски) + 58-AAB-ab (западнобелуџиски) + 58-AAB-ac (јужнобелуџиски) + 58-AAB-ad (башкарди)
{{{mapalt}}}
Географска распространетост на белуџискиот и останатите ирански јазици.

КласификацијаУреди

Белуџискиот е дел од групата на северозападни ирански јазици, кои пак се дел од западноиранските јазици од поголемата група на ирански јазици. Иранските јазици се дел од индоевропските јазици. Белуџискиот е сроден со останатите северозападни ирански јазици, како што е курдскиот јазик на пример. Врз јазикот се забележува влијание од останатите јазици во Пакистан, како што е синдскиот јазик на пример.

ФонологијаУреди

СамогласкиУреди

Белуџискиот има најмалку осум самогласки: пет долги самогласки и три кратки.[3] Долгите се /aː/, /eː/, /iː/, /oː/, и /uː/. Кратките се /a/, /i/ и /u/.

СогласкиУреди

уснени забни алвеоларни ретрофлексни палатоалвеоларни палатални веларни глотални
екплозивни p b t d ʈ ɖ k ɡ ʔ
африкативни t͡ʃ d͡ʒ
фрикативни s z ʃ ʒ[cn 1] h[cn 2]
треперливи ɾ ɽ[cn 3]
носни m n
апроксимантни w l j

Белешки

  1. Зборови со /ʒ/ не се чести.
  2. /h/ на почетокот на зборот се испушта.
  3. Има ограничена употреба.

НаводиУреди

  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
  2. "Eastern Iranian languages". Encyclopedia Iranica. "Baluchi, a North-Western Iranian language, is spoken chiefly in Pakistan, in the south-eastern corner of the Iranophone area."
  3. See Farrell (1990) for Southern Balochi (as spoken in Karachi, Pakistan, and Axenov (2006) for Western Balochi as spoken in Turkmenistan.

Дополнителни информацииУреди

Фонологија

  • Elfenbein, Josef (1997). „Balochi Phonology“. Kaye, Alan S.. Phonologies of Asia and Africa. 1. стр. 761–776. ISBN 1-57506-017-5. 

Граматика

  • Axenov, Serge. 2006. The Balochi language of Turkmenistan: A corpus-based grammatical description. Uppsala, Sweden: Acta Uppsala Universitet.
  • Barker, Muhammad A. & Aaqil Khan Mengal. 1969. A course in Baluchi. Montreal: McGill University.
  • Collett, Nigel A. 1983. A grammar, phrase book, and vocabulary of Baluchi. Abingdon: Burgess & Son.
  • Farrell, Tim. 1989. A study of ergativity in Balochi.' M.A. thesis: School of Oriental & African Studies, University of London.
  • Farrell, Tim. 1990. Basic Balochi: An introductory course. Naples: Instituto Universitario Orientale, Dipartimento di Studi Asiatici.
  • Farrell, Tim. 1995. Fading ergativity? A study of ergativity in Balochi. In David C. Bennett, Theodora Bynon & B. George Hewitt (eds.), Subject, voice, and ergativity: Selected essays, 218–243. London: School of Oriental and African Studies, University of London.
  • Gilbertson, George W. 1923. The Balochi language. A grammar and manual. Hertford: Stephen Austin & Sons.
  • Gilbertson, George W. 1925. English-Balochi colloquial dictionary. Hertford: Stephen Austin & Sons.
  • Jahani, Carina. 1990. Standardization and orthography in the Balochi language. Studia Iranica Upsaliensia. Uppsala, Sweden: Almqvist & Wiksell Internat.
  • Jahani, Carina. 2000. Language in society: Eight sociolinguistic essays on Balochi. Uppsala, Sweden: Acta Universitatis Upsaliensis.
  • Korn, Agnes. 2009. Marking of arguments in Balochi ergative and mixed constructions. In Simin Karimi, VIda Samiian & Donald Stilo (eds.) Aspects of Iranian Linguistics, 249–276. Newcastle upon Tyne (UK): Cambridge Scholars Publishing.

Надворешни врскиУреди