Бегоња Фернандес

шпанска ракометарка
(Пренасочено од Бегоња Фернандез)

Бегоња Фернандес Молинос (родена на 22 март 1980, Виго, Шпанија) е шпанска ракометарка која игра во македонскиот клуб ЖРК Вардар СЦБТ, и за женската ракометна репрезентација на Шпанија.

Бегоња Фернандес
Лични податоци
Име и презиме Бегоња Фернандес Молинос
Роден(а) 22 март 1980(1980-03-22)(44 г.)
Шпанија Виго, Шпанија
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001830000001,83 м
Тежина 73 Кг.
Позиција Пикер
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија ЖРК Вардар СЦБТ
Број 18
Сениорски клубови
1998-2002
2003-2005
2005-2008
2008-2012
2012-2013
2013-
Шпанија Милар Елиана Валенсија
Шпанија Итчако
Шпанија Орсан Елда Престихио
Шпанија Итчако
Србија Зајечар
Македонија ЖРК Вардар
Репрезентација
  Шпанија Шпанија 172 (372)

Животопис

уреди

Спортска кариера

уреди

Бегоња Фернандес Молинос ја започнала професионалната кариера во 1998 година, во екипата на "Милар Елиана Валенсија", која тогаш играла во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Од 2005 до 2008 година, Фернандес настапувала за "Елда Престихио". Најголем дел од кариерата, вкупно шест сезони, Фернандес настапувала за екипата на "Ичако", со која во 2011 година играла во финалето на Лигата на шампионите. Во 2013 година, Фернандес преминала во екипата на "ЖРК Вардар СЦБТ", а претходно една полусезона поминала во "Зајечар" од Србија.

Фернандес е репрезентативка на Шпанија. Со репрезентацијта на Шпанија, Бегоња Фернандес освоила сребрен медал од ЕП 2008 и бронзен медал од ОИ во Лондон. На ЕП 2008, одржано во Македонија, Фернандес била прогласена за најдобар пикер во Европа. Една година подоцна, Фернандес повторно била прогласена за прв пикер во најдобриот тим на СП 2009, одржано во Кина.[1]

Наводи

уреди
  1. "Фернандес уште една сезона вардарка", Дневник, година XVIII, број 5415, петок,14 март 2014, стр. 24.