Селенга

река во Монголија и Русија

Селенга руски: Селенга́) или Селенге (монголски: Сэлэнгэ мөрөн; бурјатски: Сэлэнгэ гол, Сэлэнгэ мүрэн — важна река во Монголија и Република Бурјатија, Русија. Се образува од реките Идер и Делгер и на крајот се влева во Бајкалското Езеро. Има вкупна должина од 992 км според едни[1][2], а 1.024 км според други извори.[3] Во нејзиното настанување учествува системот Енисеј-Ангара. Има истек од 935 м3/с кој завршува во Бајкалското Езеро, и со тоа сочинува речиси половина од речниот дотек во езерото, образувајќи делта со површина од 680 км2.

Селенга
Сэлэнгэ
Селенга во Русија
Главен извор Делгер
Спореден извор Идер
Влив на изворите Олон голин билчир
 - местоположба Хувсѓол, Монголија
 - координати 49°15′40″N 100°40′45″E / 49.26111° СГШ; 100.67917° ИГД / 49.26111; 100.67917
Утока Бајкалско Езеро
Должина 992 км
Слив 447.000 км2
Истек во Уст-Кјахта
 - просечен 284 м3
 - максимален 601 м3 август
 - минимален 23 м3 февруари

Името потекнува од евенскискиот поим селе (железо) и наставката -нга.[4] По реката е наречена и покраината Селенге во северна Монголија. На монголски пак, глаголот селех значи „плива“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. H. Barthel, Mongolei-Land zwischen Taiga und Wüste, Gotha 1990, стр. 34f
  2. „Сэлэнгэ мөрөн“. www.medeelel.mn. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 16 јули 2007.
  3. „Селенга“. Голема советска енциклопедија. www.yandex.ru. Архивирано од изворникот на 2020-05-12. Посетено на 5 мај 2009.
  4. Е.М. Поспелов, Географические названия Мира, Москва: Русские словари, 1998), стр. 378

Надворешни врски

уреди
  •   Селенга на Ризницата ?
  • Селенга — Министерство за природни ресурси на Република Бурјатија (руски)
  • Река Селенга Државен воден регистар на Русија (руски)