Барбара Бодишон
Барбара Ли Смит Бодишон (8 април 1827 - 11 јуни 1891 година) била англиска просветителка, уметничка, феминистка и активистка за правата на жените од средината на 19 век.[1] Таа го објавила своето влијателно Кратко резиме на законите на Англија во врска со жените во 1854 година. Ко-основач е на Англискиот женски журнал (анг: English Woman's Journal) во 1858 година. Бодишон го ко-основала колеџот Гиртон, Кембриџ (1869).
Барбара Бодишон | |
---|---|
Портрет од Барбара Бодишон Семјуел Лоренс | |
Роден(а) | Барбара Ли Смит 8 април 1827 Ватлингтон, Сасекс, Англија, ОК |
Починал(а) | 11 јуни 1891 Робертсбриџ, Сасекс, Англија, ОК | (возр. 64)
Националност | Британско |
Познат(а) по | Основач Гиртон Колеџ, Кембриџ, Портман Училиште во Падингтон, ОК |
Семејство и воспитување
уредиБарбара Бодишон била вонбрачно дете на Ен Лонгден, милинер од Алфретон, Дербишир и политичар од Виг, Бенџамин (Бен) Ли Смит (1783–1860), единствениот син на радикалниот аболиционист Вилијам Смит. Тој имал четири сестри. Едната, Френсис (Фани) Смит, се омажила за Вилијам Најтингел (не Шор) и родила ќерка, Флоренс, медицинска сестра и статистичар; друга, Џоана Марија, се омажила за Џон Бонам-Картер (1788–1838) пратеник и го основала семејството Бонам Картер. Таткото на Бен Смит сакал тој да се ожени со Мери Шор, сестрата на Вилијам Најтингел.
Домот на Бен Смит бил во Мерилебон, Лондон, но од 1816 година тој наследил и купил имот во близина на Хејстингс: Фармата Браун во близина на Робертсбриџ, со постоечка куќа изградена околу 1700 година, и Кроуам Манор, Вестфилд, која опфаќала 0,81км2. Иако бил дел од земјопоседниците, Смит имал радикални ставови. Тој бил сепаратист, унитарист, поддржувач на слободната трговија и добродетел на сиромашните. Во 1826 година со донирал средства да се изгради училиште за сиромашните во внатрешноста на градот на плоштадот Винсент, Вестминстер, и плаќал по едно пени неделно за секое дете, ист износ што го плаќале нивните родители.[2]
Смит ја запознал Ен Лонгден додека бил на посета кај неговата сестра во Дербишир. Таа останала бремена од него и тој ја однел на југот на Англија, сместувајќи ја во изнајмена куќа во Ватлингтон, во близина на Батл, Источен Сасекс, како „Госпоѓа Ли“, презимето на роднините на Бен Смит на блискиот остров Вајт. Раѓањето на Барбара предизвикало скандал, бидејќи парот не бил венчан. Смит возел од Брауновата фарма за да ги посетува секојдневно, а за осум недели Ана повторно била бремена. Кога се родил нивниот син Бен, четворицата заминале во Америка на две години, при што било зачнато уште едно дете.
По враќањето во Сасекс, тие живееле отворено заедно кај Браун и имале уште две деца. Откако последната ќерка се родила во 1833 година, Ана се разболела од туберкулоза. Смит изнајмил куќа на море во Пелхам Кресент, Хејстингс, чии здрави својства биле високо ценети во тоа време. Локалната жена, Хана Вокер, била вработена да се грижи за децата. Ана не закрепнала и затоа Смит ја однел во Рајд, Островот Вајт, каде што починала во 1834 година.
Смит, невообичаено за тоа време, ги испратил сите свои деца во локалното училиште да учат заедно со децата од работничката класа,[3] наместо да ги праќа во интернат или во елитно дневно училиште. Подоцна тој подеднакво ги делел финансиските донации со сите деца, и машки и женски, давајќи им приход од 300 фунти годишно од полнолетството (21).[4]
Живот
уредиВо почетокот на нејзиниот живот, Барбара покажала сила на карактер и широчина на симпатии што ќе ја придобијат нејзината важност меѓу филантропите и социјалните работници. Независните приходи и дале слобода што вообичаено не ја чувствуваат многу жени[4] и Бодишон и група пријатели од Лондон почнале редовно да се состануваат во 1850-тите за да разговараат за правата на жените и станале познати како „Дамите од Лангам Плејс“. Ова станало едно од првите организирани женски движења во Британија. Тие биле ангажирани во голем број на каузи, вклучувајќи го и нивниот Комитет за имот на мажените жени. Во 1854 година, таа објавила Кратко резиме на законите на Англија во врска со жените,[5] што помогнајки да се промовира усвојувањето на Законот за сопственост на мажените жени од 1882 година. Во овој период Бодишон се дружела со уметничката Ана Мери Ховит, за која позирала во неколку наврати.[6]
Првата врска на Бодишон била со Џон Чепмен, уредник на Вестминстер Ривју, но таа одбила да се омажи за него и ги загубила своите законски права.[4] На 2 јули 1857 година, таа се омажила за еминентниот француски лекар, д-р Ежен Бодишон, во капелата на улицата Литл Портланд.[7] Патем, ова била во годината кога Законот за брачни причини од 1857 година, за кој Бодишон имала кампања, им дозволувал на жените пристап до судовите за развод.[4] Иако зимувала долги години во Алжир, Бодишон продолжила да ги води движењата што ги иницирала во име на Англичанките. [8]
Во 1858 година, Бодишон го основала Англискиот женски журнал, орган за дискусија за прашањата за директно вработување и еднаквост на жените, особено за рачно или интелектуално индустриско вработување, проширување на можностите за вработување и реформа на законите кои се однесуваат на половите.
Во 1866 година, во соработка со Емили Дејвис, Бодишон направила шема за проширување на универзитетското образование на жените. Првиот мал експеримент во ова, во Хичин, се развил во колеџот Гиртон, Кембриџ, на кој Бодишон изобилно го донирала своето време и пари.[8]
Бодишон била унитарист, а напишала за Теодор Паркер: „Тој му се молеше на Создателот, бесконечната Мајка на сите нас (секогаш користеше Мајка наместо Татко во оваа молитва). Тоа беше молитвата на сè што некогаш сум слушнала во мојот живот, која беше највистинска за мојата индивидуална душа.“[9]
На 21 ноември 1865 година, Барбара Бодишон, помогната од Џеси Бушерет и Хелен Тејлор, ја изнела идејата за парламентарна реформа насочена кон постигнување на правото на глас за жените.[10]
И покрај сите нејзини јавни интереси, Бодишон нашла време за општеството и нејзината омилена сликарска уметност. Бодишон студирала под Вилијам Холман Хант. Нејзините акварели, изложени во Салонот, Кралската академија и на други места, покажуваат оригиналност и талент а им се восхитувале Коро и Добињи. Лондонскиот салон на Бодишон вклучувал многу книжевни и уметнички познати личности од нејзиното време. Таа била ран член на Друштвото на женски уметници (SFA) и изложила 59 уметнички дела со нив помеѓу 1858 и 1886 година.[11] Таа била пријателка со Џорџ Елиот и прва што го препознала авторството на Адам Беде. Се вели дека нејзиниот личен изглед ја инспирирал „високата, црвенокоса хероина на Ромола на Елиот со нејзиниот „израз на горда истрајност и латентна импулсивност“.[12]
Бодишон починала во Робертсбриџ, Сасекс, на 11 јуни 1891 година.[8]
Образование и активизам
уредиБила англиски лидер во движењата за образование и политички права за жените во текот на 1800-тите. Таа станала Барбара Бодишон откако се омажила за францускиот физичар Ежен Бодишон во 1857 година, но нејзиниот брак не ја одвратил да продолжи со кампањите за правата на жените на образование.[13][14]
Бодишон студирала на Дамскиот колеџ на плоштадот Бедфорд, основан во Лондон, Англија во 1849 година. Овде ѝ била дадена инструкција за работа како професионален уметник, а не како уметнички инструктор. Бодишон потекнувала од либерално унитарско семејство со приватен приход. Нивното независно богатство и било дадено на Бодишон поголема слобода да расте како уметник.[15]
Во 1852 година, откако се запишала на колеџот Бедфорд, таа го развила и го отворила училиштето Портман Хол во Падингтон, истражувајќи практики во други основни училишта,[3]
Во 1854 година, Бодишон го објавила Краткото резиме на едноставен јазик за најважните закони за жените, што било клучно во донесувањето на Законот за имотот на мажените жени. Во 1866 година, во соработка со Емили Дејвис, таа ја претставила идејата за универзитетско образование за жените, при што може да го спроведе првиот експеримент на колеџот во Хичин, кој се развил во колеџот Гиртон и на кој Бодишон станал посветен покровител. Студирала под англискиот уметник Вилијам Хенри Хант за да ја развие својата вештина во акварели.[13][14]
Бодишон припаѓала на кругот Лангам Плејс, група на напредни жени уметници кои го развиле Англискиот женски журнал. Во текот на 1850-тите, оваа група се борела за образование на жените, вработување, права на сопственост и право на глас. Во 1859 година, Бодишон, заедно со многу женски уметници, вклучувајќи ги Елиза Фокс, Маргарет Гилис и Емили Мери Озборн, потпишале петиција со која бараат пристап на жените до училиштето на Кралската академија. Нивното барање било одбиено, наведувајќи дека ќе бара од Кралската академија да развие „одвоени“ часови. Во 1860 година, Лаура Херфорд, една од жените уметнички кои се бореле за пристап, поднела апликација до училиштето на Кралската академија користејќи ги само нејзините иницијали. Таа била примена, на голем срам на Академијата. Уписот на Херфорд бил дозволен, и постепено повеќе жени уметници биле прифатени во следните години.[15]
Гроб
уредиВо 2007 година, Ајрин Бејкер и Лесли Абдела помогнале да се обнови гробот на Барбара Бодишон во дворот на црквата Брајтлинг, Источен Сасекс, околу 80км од Лондон. Бил во лоша состојба, со зарѓосани и откинати огради, а натписот на гробот едвај читлив.[16] Историчарката д-р Џудит Роуботам од Универзитетот во Нотингем Трент упатила апел за средства за обновување на гробот и неговата околина, со што биле собрани околу 1.000 фунти. Оградите биле обоени, а гранитната гробница била исчистена.
Комеморација
уредиНа 30 јуни 2019 година, во колеџот Гиртон била откриена Сина плакета која заеднички ги одбележува основачите Барбара Бодишон и Емили Дејвис од бароницата Хејл, претседател на Врховниот суд, како дел од прославите на 150-годишнината на колеџот. Плочата се наоѓа на главната кула на влезот во Гиртон, во близина на патот Хантингдон.[17]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Bodichon: founder of the women's movement?“. Law Gazette.
- ↑ Helena Wojtczak. „Barbara Leigh Smith Bodichon: The Hastings Connections“. Hastings Press. Архивирано од изворникот на 20 April 2016. Посетено на 24 September 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „Barbara Bodichon“. Spartacus Educational (англиски). Посетено на 2020-02-04.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Awcock, Hannah (2016-12-29). „Turbulent Londoners: Barbara Leigh Smith Bodichon, 1827-1891“. Turbulent London (англиски). Посетено на 2020-02-04.
- ↑ „Barbara Leigh-Smith Bodichon, A Brief Summary of Laws Concerning Women, 1854“. womhist.alexanderstreet.com. Архивирано од изворникот на 10 November 2015.
- ↑ Hirsch, Pam (Jan 2011) [2004]. „Howitt [Watts], Anna Mary (1824–1884)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press. Посетено на 9 July 2011.
- ↑ "Married". Morning Post, Thursday 9 July 1857, p. 8, via British Newspaper Archive. Retrieved 9 April 2021.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 Chisholm 1911.
- ↑ Lingwood, 2008.
- ↑ „Jessie Boucherett“. Spartacus Educational.
- ↑ Baile de Laperriere, Charles (1996). The Society of Women Artists Exhibitors 1855-1996. Hilmarton Manor Press. стр. 117, Volume 1.
- ↑ Uglow, Jenny (1987). George Eliot. London: Virago Press. стр. 69. ISBN 0860684008.
- ↑ 13,0 13,1 "Barbara Leigh Smith Bodichon." Encyclopædia Britannica. 20 July 1998. Web. 20 February 2017 .
- ↑ 14,0 14,1 "Bodichon, Barbara (1827–1891)." Women in World History: A Biographical Encyclopedia. Encyclopedia.com. 23 February 2017 .
- ↑ 15,0 15,1 Whitney Chadwick, Women, Art, and Society, 5th edition. London: Thames & Hudson, Ltd, 2012.
- ↑ „Campaigner's tomb appeal launched“ (англиски). 2007-09-05. Посетено на 2019-01-09.
- ↑ „Cambridge college unveils blue plaque for 'pioneering' women founders“. BBC News (англиски). 2019-07-01. Посетено на 2019-07-01.
Литература
уреди- Bodichon, Barbara (1972). An American Diary, 1857–1858. London: Routledge & Kegan Paul. ISBN 0710073305.0710073305
- Burton, Hester (1949). Barbara Bodichon. London: John Murray. ASIN B0006D73UQ.
- Helsinger, Elizabeth K. (1983). The Woman Question; Social Issues, 1837–1883. Taylor and Francis. ISBN 0824092325.0824092325
- Herstein, Sheila R. (1985). A mid-Victorian feminist, Barbara Leigh Smith Bodichon. New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-03317-6.0-300-03317-6
- Hirsch, Pamela (1998). Barbara Leigh Smith Bodichon: Feminist, Artist and Rebel. London: Chatto & Windus. ISBN 0-7011-6797-1.0-7011-6797-1
- Lingwood, Stephen (2008). The Unitarian Life: Voices from the Past and Present. London: Lindsey Press. ISBN 978-0-85319-076-9.978-0-85319-076-9
- Marsh, Jan; Gerrish Nunn, Pamela (1998). Pre-Raphaelite Women Artists. London: Thames & Hudson. ISBN 0-500-28104-1.0-500-28104-1
- Метјус, Жаки. Барбара Бодишон: Интегритет во различноста (1827–1891) во Спендер, Дејл (ед. ), Феминистички теоретичари: Три века клучни жени мислители, Пантеон 1983, стр. 90-123ISBN 0-394-53438-7
- Uglow, Jenny (1987). George Eliot. London: Virago Press. ISBN 0860684008.0860684008