Балсас (река)

река во Мексико

Балсас (шпански: Río Balsas) или Мескала (Mezcala) — река во јужно-средно Мексико, една од најголемите во државата со должина од 771 км и сливна површина од 105.900 км2[1].

Балсас
Балсас во Гереро
Сливот на Балсас
Изворно имеBalsas / Mezcala
Местоположба
Земја Мексико
Физички особености
Устие 
 • место
Мангровски ’Рт, Тихи Океан
Должина771 км
Особености на сливот
Речен сливслевање на реките Сан Мартин и Савапан
Балсас во Којука де Каталан.

Речниот слив на Балсас се протега во сојузните држави Пуебла, Морелос, Гереро и Мексико. Реката тече низ планинскиот венец Јужна Сиера Мадре, а се празни во Тихиот Океан кај градот Ласаро Карденас.[2][3] По течението има неколку слапови кои ја огрнаичуваат пловноста, па затоа реката се користи претежно за добивање на хидроенергија, спречување на поплави и наводнување.[2]

Историја

уреди

Долината на Балсас е веројатно првото место кајшто е припитомена пченката, уште пред 9200 години.[4] Познато е дека во долината живееле разни народи како Јопите, Коишиканците, Матлацинките (Чонтали), Тлавиките и Шочимилките, а потоа и Наванците, но археологијата сè уште го нема утврдено редоследот на нивното населување.[5] Во периодот од 1100 до 480 п.н.е. подрачјето помеѓу долното течение на Балсас и реката Лерма-Сантјаго потпаднало под власта на државата на Пурепечите (Тараскан).[6]

Според пописот од 1980 г. во поречието на Балсас живееле вкупно 47.000 луѓе, распоредени во 37 населени места во рамките на шест општини. Од нив, 47 % биле навански народи, 23 % биле Миштеци, 19 % биле Тлапенци, а 4% Амузги.[5] во 1990-тите населението пораснало на 60.000 жители. Иако засебни, овие заедници се во блиско културно и јазично сродство.[7]

Географија иа клима

уреди

Балсас настанува со слевањето на реките Сан Мартин и Савапан во реката Атојак (Atoyac) во сојузната држава Пуебла. Оттука тече на југозапад, а потоа свртува на запад, минувајќи низ котлината во државата Гереро, и завршува во Тихиот Океан[2][8].

Горниот дел од сливот им припаѓа на сојузните држави Пуебла, Мексико, Морелос и Гереро. Тука спаѓаат и неколку други речни системи во Мексиканската (Централна) Висорамнина, од кои главен е оној на реката Тлапанек со неговите притоки кои дотекуваат од планината Оашака Миштека. Поголема составна притока е Амацусак, која пак настанува од потоците околу вулканот Шонакантепек и реките Сан Херонимо и Чонталкоатлан. Последните две извираат од познатиот вулкан Попокатепетл и течат низ државата Морелос.[5]

Климата по течението се движи од умерена до суптропска, со средна годишна температура помеѓу 12,5 и 28 °C.[6] Врнежите се сезонски — 90 % од количеството паѓа од мај до септември. Просечните врнежи се движат од 546 мм во сувите предели на долината до 1.000–1.600 мм кај горските езера во горното течение.[6]

Стопанство

уреди

Долината на Балсас се обработува веќе илјадници години. Во денешно време земјиштата се наводнуваат од вештачките езра на двете брани, кои воедно произведуваат струја. Акумулацијата над Тјерра Калиенте наводнува полиња со памук и ориз

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Guillermo P. Salas (1991). Economic geology, Mexico. Geological Society of America. стр. 3. ISBN 978-0-8137-5213-6. Посетено на 28 December 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Balsas River“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 26 December 2010.
  3. Mining and engineering world. Mining and Engineering World. 1909. стр. 37. Посетено на 26 December 2010.
  4. Kennett, Douglas J.; Winterhalder, Bruce (2006). Behavioral ecology and the transition to agriculture. University of California Press. стр. 121–. ISBN 978-0-520-24647-8. Посетено на 27 December 2010.
  5. 5,0 5,1 5,2 Aracely Burguete Cal y Mayor (2000). Indigenous autonomy in Mexico. IWGIA. стр. 141. ISBN 978-87-90730-19-2. Посетено на 25 December 2010.
  6. 6,0 6,1 6,2 Peregrine, Peter N. (31 декември 2001). Middle America. Springer. стр. 416–17. ISBN 978-0-306-46259-7. Посетено на 27 December 2010.
  7. Chris McDowell (1996). Understanding impoverishment: the consequences of development-induced displacement. Berghahn Books. стр. 162–. ISBN 978-1-57181-927-7. Посетено на 25 February 2011.
  8. Местоположба на устието: 17°56′24″N 102°08′16″W / 17.94000° СГШ; 102.13778° ЗГД / 17.94000; -102.13778

Надворешни врски

уреди

17°56′25″N 102°08′10″W / 17.94028° СГШ; 102.13611° ЗГД / 17.94028; -102.13611