Бад Есен
Бад Есен (до 1902 година: Есен; германски: Bad Essen) — општина во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Местото со своето историско јадро е сместено на германскиот фахверк пат.
Бад Есен | |
Панорамски поглед на Бад Есен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Оснабрик |
Градоначалник | Тимо Натемајер (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 103,31 км2 |
Надм. височина | 113 м |
Население | 16.339 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 158 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OS |
Пошт. бр. | 49152 |
Повик. бр. | 05472 |
Портал | www.badessen.de |
Местоположба на Бад Есен во рамките на округот Оснабрик | |
Координати | 52°19′17″N 8°20′24″E / 52.32139° СГШ; 8.34000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиОпштината се наоѓа на премин од Средните ридови кон Северногерманската Низина. Ридскиот масив Виен ја зафаќа јужната третина од општината. Највисока точка во општината е 215 метри. Реката Хунте тече низ општината од југ кон север.
Соседни општини
уредиОпштината Бад Есен се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи од десно): Штемведе, Пројсиш Олдендорф (обата во округот Минден-Либеке во Северна Рајна-Вестфалија), Меле, Бисендорф, Остеркапелн и Бомте.
Општински единици
уредиОпштината е составена од 17 единици:
|
|
|
|
Местото Бишерхајде со околу 160 жители поштенски припаѓа на Пројсиш Олдендорф во Северна Рајна-Вестфалија, каде исто така учениците и посетуваат училиште.
Галерија
уреди-
Поранешната железничка станица
-
Општинското собрание
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Бад Есен на Ризницата ?
- Официјално мрежно место