Ајше Хафса султан
Ајше Хафса султан (османлиски јазик: عایشه حفصه سلطان) — првата со титула Валиде султан во Османлиското Царство како мајка на Сулејман I и сопруга на Селим I. Во периодот од стапувањето на нејзиниот син во 1520 на престолот до нејзината смрт во 1534 година, таа била една од највлијателните личности во царството[3], како и де-факто ко-регент за време на овие четиринаесет години.
Ајше Хафса султан عایشه حفصه سلطان | |
---|---|
Споменик во Маниса | |
Роден(а) | Ајше околу 1478[1] |
Починал(а) | март 1534[2] Цариград, Отоманско Царство |
Почивалиште | Џамија Јавуз Селим, Фатих |
Народност | Кримска татарка |
Познат(а) по | Валиде султан |
Вера | ислам |
Сопружник | Селим I |
Деца | Сулејман I Хатиџе султан Бејхан султан Шах султан Фатма султан |
Денеска нејзиното потекло е тема на дебата од страна на историчарите и според поголемиот дел од нив таа била ќерка на Менгли Гирај[4] or Abd'ûl-Muin[5][6], владетел на Кримското ханство. Таа е родена во 1479 година и омажена за османлискиот принц и иден султан Селим I. Во Маниса престојувала со нејзиниот син кој бил владетел на регионот како шехзаде во периодот од 1513 до 1520 година. Во градот во нејзина чест биле изградени една џамија, основно училиште, колеџ и болница.
Како прва Валиде султан, статусот на мајката на султанот значително се променил. Во 1494 година таа го родила идниот султан Сулејман I. Освен Сулејман таа имала и три ќерки од Селим и тоа: Хатиџе султан, Бејхан султан и Шах султан.
Ајше Хафса султан починала во март 1534 година и била погребана во џамијата Јавуз Селим во Фатих, Цариград. Нејзиниот мавзолеј во голема мера бил уништен по земјотресот од 1884 година а во 1900 година започнала реконструкцијата. Денеска нејзиниот гроб е доста поедноставен за разлика од времето кога бил изграден.
Наводи
уреди- ↑ Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: Vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler. Oğlak Yayıncılık. стр. 199. ISBN 978-9-753-29623-6.
- ↑ Peirce, Leslie P. (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 121. ISBN 0-19-508677-5.
- ↑ Pietro Bragadin, Venetian Republic's ambassador in the early years of Suleiman the Magnificent's reign notes "a very beautiful woman of 48, for whom the sultan bears great reverence and love..." Peirce, Leslie (1993). The Imperial Harem : Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 62. ISBN 0-19-508677-5.
- ↑ Glyn Williams, Brian (2001), The Crimean Tatars: The Diaspora Experience and the Forging of a Nation, BRILL, стр. 56, ISBN 0295801492,
Ottoman princes, such as the future Ottoman Sultans Selim I (who married Mengli Giray Khan's daughter, Hafsa Hatun...
- ↑ Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: Vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler. Oğlak Yayıncılık. стр. 148. ISBN 978-9-753-29623-6. (Her name is given as "Hafsa bint-i Abdü'l-Muin" in Kitâbeler by İ. H. Uzunçarşılı. This shows that she was of non-Turkish origin, and later converted to Islam.)
- ↑ Atıl, Esin (1987), The Age of Sultan Süleyman the Magnificent, National Gallery of Art, стр. 27, ISBN 0810918552,
Some historians state that she was the daughter of Mengili Giray Han, the ruler of the Crimean Tatars. Others mention that Ayse, another wife of Selim I, was the Crimean princess and give as Hafsa's father a man named Abdulmumin or Abdulhay, and unknown person - suggesting that she was of slave origin.
Надворешни врски
уреди„Ајше Хафса султан“ на Ризницата ? |
- „Hafsa Sultan Complex“. Archnet. 2005.
Претходник Емине Ѓул Бахар како Валиде Хатун |
Валиде султан 30 септември 1520 – 19 март 1534 |
Наследник Нурбану Султан |