Хатиџе Султан (1496, Одрин - 1538, Цариград) — отоманска принцеза, ќерка на султанот Селим I и Ајше Хафса Султан, и сестра на Сулејман I.

Хатиџе султан
Саркофаг на Хатџе султан во Селимовата џамија
Роден(а)1496
Одрин
Починал(а)1538 (42 година)
Цариград
Почивалиште
СопружникИскендер
Паргали Ибрахим-паша
ДецаХуриџихан султан
Шехзаде Осман
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоСелим I
МајкаАјше Хафса султан
Вероисповедислам

Таа била позната по нејзиниот брак со Ибрахим Паша - десна рака на султанот Сулејман. Султанот на Хетиџе и Ибрахим им подарил една огромна раскошна палата.

Животопис

уреди

Хатиџе султан е родена во 1496 година. Првично била мажена за Искендер Беј кој подоцна починал. Потоа била венчана за Паргали Ибрахим-паша, кој бил назначен за Голем Везир во 1523 и со оваа функција работел 13 години. Била влијателна во Царскиот Харем, а по смртта на нејзиниот маж во 1536 година, таа наследила големо богатство кое го оставила на своите две деца.

Во 1536 година, Паргали Ибрахим-паша бил погубен по наредба на братот на Хатиџе (Султан Сулејман I).

Постојат шпекулации дека Хатиџе извршила самоубиство после жалењето по мажот ѝ. Починала само после две години од смртта на својот сопруг, кога имала четириесет и две години.

Нејзината смрт е прашање на контроверзност, таа умрела или во 1538 или 1582.

Појава во литературата и популарната култура

уреди

Во ТВ серијата ,,Величествениот", Хатиџе Султан ја глуми турската глумица Селма Ергеч.