Ашуре – слатка варена пченица со ореви и други зрнести плодови[1].

Ашуре
Ашуре
Дел од оброкотдесерт
Главни состојкипченица, ориз, наут, суво овошје, јаткасто овошје, вода
Варијантиповеќе

Потекло на поимот

уреди

Зборото „ашуре“ доаѓа од арапскиот збор ашура (арапски: عاشوراء ʻĀshūrā’ ) кој значи десетти.[2] Во турската традиција, ова јадење најмногу се прави во десеттиот или после десеттиот месец од исламскиот месечев календар.

Состојки

уреди

За ашурето не постои единствен рецепт, рецептите се разликуваат по региони и по семејства.[3]

Според некои традиции, ашурето треба да има најмалку седум состојки, додека според други најмалку десет (според значењето на зборот), додека Алевитите секогаш користат дванаесет состојки. Како состојки се користат пченица, ориз, наут, шеќер (или друг засладувач), суво овошје, јаткасто овошје, па има многу варијанти. Според некои рецепти се додава и кора од портокал или лимон. За гарнирање се користи сусам, зрна од калинка и цимет, а во некои варијанти се ароматизира со розова вода.

Во повеќето случаи, ашурето е веганско, и тоа е еден од најпопуларните десерти на турската кујна.

Легенди

уреди

Легендата за „ашурето“ е фасцинантна. Ноевата арка за време на врнежите што траеле 40 дена се засолнала на врвот на планината Арарат. На крајот на потопот спасените во бродот решаваат во чест на завршетокот на 40-дневните дождови да организираат прослава. По тој повод решаваат да направат јадење што ќе содржи 40 состојки. Но нивните резерви храна веќе биле при крај, па решиле секој да даде што има. Во зависност кој од каде бил, го давал она што го имало во неговата татковина. Некој дал суви плодови, друг житарки, шеќер, суво овошје, портокал, смокви, ориз, наут…

Наводи

уреди
  1. „Ашуре“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „aşure“. www.nisanyansozluk.com.
  3. „Noah's Pudding. Rumi Club. University of Massachusetts“ (PDF).

Надворешни врски

уреди