Африканска златна мачка
Африканска златна мачка | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Семејство: | Felidae |
Потсемејство: | Felinae |
Род: | Caracal (Gray, 1843) |
Вид: | C. aurata |
Научен назив | |
Caracal aurata (Temminck, 1827) | |
Subspecies | |
(but see text) | |
Distribution of the African golden cat
Possible range or accidental records
| |
Синоними | |
|
Африканска златна мачка — грабливец кој припаѓа на семејството мачки, исто како и Азиската златна мачка, но Африканската е поблиска до каракалот и сервалот. Должината на телото нејзино е од 61 до 102 cm, а на опашката - 16–35 cm. Висока е околу 38–55 cm со тежина 4–16 кг. Времетраењето на нивниот живот е околу 21 години. Популацијата на видот е намален.
Распространетост
уредиАфриканската златна мачка живее во прашумите на еквадорот во Африка: во Сенегал, Нигерија, Нигер, Република Конго, Демократска Република Конго и Руанда, а најјужно живее во Ангола. Неа ѝ штети негативното делување на човекот, на пример, намалување на површината на прашумата.
Опис
уредиИма тежина од 11 до 14 килогрми, телото е од 60 до 102 см, со додаток од 16-46 см на должина на опашката. Висината е од 38 до 51 см. Африканска златна мачка е околу двапати поголема од домашната мачка. Тоа е силна мачка, со подолги нозе. Се јавува во две основни бои: сива и златна. Стомакот, вратот, брадата и образите секогаш се посветли од остатокот на телото. Можат да бидат и со бела боја. Опашката е потемна и завршува со црн врв. Околу 4% од популацијата е потполно црна. Во Западна Африка, можат да имаат дамки на целото тело или само на грбот, нозете и вратот.
Размножавање
уредиВо најголем дел бременоста трае 75-78 дена, и се раѓаат едно или две мачиња, кои растат брзо и веќе одбиваат да цицаат на 6 неделна старост. Сексуално се зрели од околу 18 месеци. Живеат до 15 години.
Тие се активни ловци. Лесно можат да се качуваат. Ловат глодачи и птици, исто така можат да фатат мала антилопа, понекогаш ловат мали мајмуни. Според некои извори, напаѓаат стока и живина.
Постојат два подвида:
- P. a. aurata Temminck, 1827
- P. a. cottoni Lydekker, 1907
Наводи
уреди- ↑ Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. стр. 544. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)