Аре

река во Швајцарија, притока на Рајна

Аре (германски: Aare, француски: Aar) — река во Швајцарија, притока на Рајна и најдолга река со целосно течение во рамките на Швајцарија.[2][3]

Аре
Аре во Берн
Течението и сливот на Аре
Изворно имеAare  (германски)
Местоположба
ЗемјаШвајцарија
КантониБерн, Золотурн, Аргау
Нас. местаМајринген (БЕ), Интерлакен (БЕ), Тун (БЕ), Минзинген, Мури кај Берн, Берн, Бремгартен кај Берн, Арберг (BE), Бирен на Ар (BE), Золотурн (ЗО), Арванген (БЕ), Арбург (БЕ), Олтен (ЗО), Нидергесген (ЗО), Шененверд (ЗО), Арау (АГ), Вилдег (АГ), Бруг (АГ), Виндиш (АГ), Деринген (АГ), Клингнау (АГ)
Физички особености
Извор 
 • местоДолноарски Ледник, Бернско Горје
 • координати46°33′48″N 8°25′57″E / 46.56341° СГШ; 8.43259° ИГД / 46.56341; 8.43259
 • надм. вис.1940 м
Устие 
 • место
Рајна под Кобленц
 • координати
47°36′21″N 8°13′24″E / 47.6057° СГШ; 8.2234° ИГД / 47.6057; 8.2234
 • надм. вис.
311 м
Должина291,5 км [1]
Големина на сливот17.779 км2
Проток 
 • местоУнтерзигентал
 • просечен559 м3 (MQ 1935-2013)
 • најмал351 м3 (MNQ 1935-2013),
138 м3 (NNQ, 1963)
 • најголем735 м3 (MHQ 1935-2013),
2.656 м3 (HHQ, 2007)
Особености на сливот
ТечениеРајнаСеверно Море
Притоки 
 • левиЛичине (Бриенчко Ез.), Кандер (Тунско Ез.), Гирбе, Зане/Сарин, Цил/Тјел (Нешателско и Билско Ез.), Сиз (Билско Ез.), Динерн
 • десниГадмервасе, Цулг, Еме, Мург, Вигер, Зуре, Абах, Ројс, Лимат, Зурб
Водни телавештачките езера Горноарско, Гримзелско, Ретерихсхбоденско, Бриенчко, Тунско, Воленско, Билско, Нидеридско, Клингауско

Има вкупна должина од 295 км,[2][4] долж која се спушта за 1.565 м, зафаќајќи слив од 17.779 км2 — речиси половина од Швајцарија.[4]

По течението има преку 40 хидроелектрани.[5]

Името на реката потекнува барем од латенскиот период (V-I век пр. н.е.) и е посведочено како Нантарор (Арска Долина) на Бернската цинкова таблица.

Подоцна ова име е латинизирано како Арула/Арола/Арарис.[6][б 1]

Течение

уреди
 
Долноарскиот Ледник
 
Аре во Инерткирхен.
 
Во Арската Клисура.

Аре извира од големите Арски Ледници на Бернските Алпи во кантонот Берн, западно од превојот Гримзел.[2] Финстерарскиот и Лаутерарскиот Ледник се спојуваат и го образуваат Долноарскиот Ледник, кој е главен извор на вода за Гримзелското Езеро.[3][5] Горноарскиот Ледник го напојува Горноарското Езеро, кое исто така се влева во Гримзелското.[3] Аре го напушта езерото веднаш на исток од одморалиштето „Гримзел Хоспиц“, под превојот Гримзел, а потоа тече на северозапад низ долината Хаслитал, попатно образувајќи го величествениот водопад Хандег (46 м), откако ќе го одмине Гуттанен.

Веднаш по Инерткирхен ја прима првата поголема притока Гамдервасер. По помалку од 1 км речното корито е всечено во варовнички срт во облик на Арската Клисура.[2] На ова место доаѓаат илјадници посетители кои шетаат по патеките во клисурата.[3] Малку по Мајримген, а близу Бриенц, реката се проширува во Бриенчкото Езеро. Крај западниот крај на езерото посредно ја прима првата важна притокаЛичине. Потоа тече низ мочурливата рамница Бедели, помеѓу Интерлакен и Унтерзен, па се влева во Тунското Езеро.[2]

Близу западниот кај на Тунското Езеро, реката посредно ги прима водите на Кандер, кој тукушто ја примил Зиме. Тунското Езеро го бележи почетокот на пловнноста.[5] Откако ќе го замине езерото, тече низ Тун, а потоа низ Берн, минувајќи под единаесет мостови и околу стрмниот полуостров на кој е сместен Стариот Град. Реката набргу врти на запад, но откако ќе ја прими Зане или Сарин врти на север со близината на Арберг. Овде се наоѓа Јурската водоисправка, едно од најголемите достигнувања на швајцарското инеженерство во XIX век. Реката претходно често ги поплавувала руралните предели северно од Берн и ги претворала во мочуриште, но со овој зафат била пренасочена во каналот Ар-Хагнек за да се влева во Билското Езеро. Од горниот крај на езерото кај Нидау, Аре излегува од каналот Нидау-Бирен (наречен и Арски Канал),[3] и потоа тече на исток до Бирен. Езерото собира огромна количина одронат чакал истопен снег кој реката го носи од Алпите, па така некогашните мочуришта се претворени во плодна рамница: ова подрачје е наречено „бавчата на Швајцарија“.

Одовде Аре тече на североисток во мошне долг потег, минувајќи низ Золотурн[2] (под кој од десно тече Голема Еме), Арбург (каде ѝ се приклучуваат Вигер), Олтен, Арау,[2] во чија близина е утоката со Зуре, и Вилдег, where the Зеталски Абах се спушта од десно. Малку понатаму, под Бруг прво ја прима крупната притока Ројс, а набргу потоа и Лимат — втора притока по полноводност. Овде свртува на север и по кратко растојание самата се влева во Рајна, која ја дури ја надминува во обем кога двете ќе се спојат низводно од Кобленц, спроти Валдсхут во Германија. Рајна пак, на крајот се влева во Северното Море откако ќе премине во Холандија.

Притоки

уреди
 
Утоката каде се слеваат Аре, Ројс и Лимат.
 
Аре во Берн.
 
Слевањето на Аре и Рајна во Кобленц.

Вештачки езера

уреди

Ова се вештачките езера изградени по течението на Аре, дадени со нивната надморска височина:

Белешки

уреди
  1. Реката Обринга спомената од Птоломеј (2.7.9) како притока на Рајна се смета дека е Мозел или Аре.[7]

Наводи

уреди
  1. Геоопслужувач на Шведската Конфедерација
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Bridgwater & Aldrich 1968, стр. 11
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Gresswell & Huxley 1965, стр. 27
  4. 4,0 4,1 Hoiberg 2010, стр. 4
  5. 5,0 5,1 5,2 Cohen 1998, стр. 1
  6. Kristol и др. 2005, стр. 73
  7. Forbiger 1848, стр. 126f
  8. 8,0 8,1 8,2 Anon 1973, стр. 74
  9. 9,0 9,1 Gresswell & Huxley 1965, стр. 272
  10. 10,0 10,1 10,2 Anon 1973, стр. 70

Литература

уреди
  • Anon (1973). Atlas Routier et Touristique (француски). Paris, France: Bordas-Tirade.
  • Bridgwater, W.; Aldrich, Beatrice, уред. (1968). „Aare“. The Columbia-Viking Desk Encyclopedia (3. изд.). New York, NY: Columbia University Press. ISBN 978-0670230709.
  • Cohen, Saul B., уред. (1998). „Aare“. The Columbia Gazetteer of the World. New York, NY: Columbia University Press. ISBN 0-231-11040-5.
  • Forbiger, Albert (1848). Handbuch Der Alten Geographie. 3. Leipzig, Germany: Veriag von Gustav Mayer.
  • Gresswell, R. Kay; Huxley, Anthony, уред. (1965). Standard Encyclopedia of the World's Rivers and Lakes. New York, NY: G. P. Putnam's Sons.
  • Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Aare River“. Encyclopædia Britannica (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopædia Britannica, Inc. ISBN 978-0-85229-961-6.
  • Kristol, Andres; Cattin, Florence; Meroni, Barbara; Schmid, Gabrielle, уред. (2005). „Aarau AG (Aarau)“ [Encyclopedia of the Swiss municipality of LSG: Dictionnaire de toponymique scommunes Suisses DTS / Dizionario dei comuni toponomastico svizzeri DTS]. Lexikon der schweizerischen Gemeindenamen LSG: Dictionnaire toponymique de scommunes suisses DTS /Dizionario toponomastico dei comuni svizzeri DTS (германски) (1. изд.). Stuttgart, Germany: Huber Frauenfeld. ISBN 3-7193-1308-5.

Надворешни врски

уреди