Лимат
Лимат (германски: Limmat, месно: Limet) — река во Швајцарија. Почнува како одлив од Циришкото Езеро на југот на градот Цирих. Оттука тече во северозападен правец, па по 35 км се велва во реката Аре. Устието се наоѓа северно од гратчето Бруг, близу устието на Ројс.
Лимат | |
---|---|
Лимат низ Цирих | |
Изворно име | Limmat (германски) |
Местоположба | |
Земја | Швајцарија |
Кантони | Цирих, Аргау |
Нас. места | Цирих (ЦХ), Шлирен (ЦХ), Дитикон (ЦХ), Етвил (ЦХ), Ветинген (АГ), Баден (АГ), Енетбаден (АГ), Нусбаумен (АГ), Турги (АГ), Унтерзигентал (АГ) |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Циришко Езеро, Цирих |
• координати | 47°22′00″N 8°32′35″E / 47.36677° СГШ; 8.54316° ИГД |
• надм. вис. | 406 м |
Устие | |
• место | Аре, Гебенсторф |
• координати | 47°30′07″N 8°14′15″E / 47.5019° СГШ; 8.2375° ИГД |
• надм. вис. | 328 м |
Должина | 36,3 км или 140 км (со Циришкото Ез. и Линт) |
Големина на сливот | 2.416 км2 (со Циришкото Ез. и Линт) |
Проток | |
• место | Баден |
• просечен | 101 м3/с (MQ 1951-2013) |
• најмал | 69,2 м3/с (MNQ 1951-2013), 24,6 м3/с (NNQ, 2003) |
• најголем | 141 м3/с (MHQ 1951-2013), 657 м3/с (HHQ, 1999) |
Особености на сливот | |
Течение | Аре→ Рајна→ Северно Море |
Притоки | |
• леви | Зил, Шефлибах, Репиш, Дорфбах Шпрајтенбах |
• десни | Ленгенбах, Фуртбах, Лугибах, Готесграбен |
Водни тела | Циришко и Ветингенско Ез. |
The main towns along долината на Лимат низводно од Цирих се Дитикон, Ветинген и Баден. Its main tributaries are the Линт, преку Циришкото Езеро, the Зил, во Цирих, и Репиш, in Дитикон.
Името за првпат е засведочено во VIII век како Линдимакус. Тоа е од галско потекло, од *линдо- „езеро“ (спор. велшки llyn) и *магос „низина“ (велшки: maes), што очигледно се однесувало на низината низ која течел Линт.[1]
Енергетика
уредиКако и многу реки во земјата, водите на Лимат интензивно се користат за производство на хидроенергија: долж течението од 35 км има не помалку од десет хидроелектрани.
Пловидба
уредиВо историјата Лимат играл важна улога како пловна сообраќајница. Во XII и XIII век по реката се патувало од Цирих за Кобленц. Во 1447 г. светиот римски цар Фридрих III прогласил правото на слободна пловидба по Лимат и од Рајна до Цирих. Поради струјата, пловидбата обично се одвивала само низводно, а товарните пловила се продавале кога ќе пристигнат.[2]
Денес реката е пловна само за помали пловила, а многу хидроелектрани имаат брододигалки. Традиционалните чамци кои пловеле по реката биле долги 10 м и со рамно дно, наречени „вајдлинг“.[3][4]
Најгорното течение на реката низ центарот на Цирих е пловно и за големи пловила, иако истите се ограничени од ниските мостови. На овој потег од Лимат сообраќа Циришкото бродопловно претпријатие (Zürichsee-Schifffahrtsgesellschaft), нудејќи превоз од Државниот музеј до Циришкото Езеро со нископрофилни моторни чамци.[5]
Населени места по течението
уредиКултурно наследство
уредиНа мочурливото земјиште помеѓу Лимат и Циришкото Езеро околу плоштадот „Зехселојтен“ во Цирих има мали острови и полуострови на кои се наоѓаат остатоци од праисториските наколни живеалишта на дрвени диреци кои служеле како заштита од поплавување на реките Линт и Јона. Наоѓалиштето Алпскиот кеј Цирих-Енге е сместено на брегот на Циришкото Езеро во Енге, месност во општината Цирих. Во соседството биле населбите Мал и Голем Хафнер при одливот ма Лимат, на површина од 0,2 км2 во градот Цирих. Освен тоа што се дел од 56-те места во Швајцарија заштитени како светско наследство на УНЕСКО под заедничкиот назив „Праисториски наколни живеалишта околу Алпите“, праистриските населби се прогласени за државно културно наследство.[6][7][8]
Слики
уреди-
Утоката на Лимат и Зил веднаш низводно од центарот на Цирих
-
Електраната „Летен“ во Цирих
-
Фарскиот манастир крај Лимат
-
Лимат во Енетбаден
-
Утоката на Аре (лево) и Лимат
Наводи
уреди- ↑ Felix Stähelin (1935), „Die vorrömische Schweiz im Lichte geschichtlicher Zeugnisse und sprachlicher Tatsachen“, Zeitschrift für schweizerische Geschichte (германски), Leemann, Band 15, стр. 337–368
- ↑ „Limmat“. Historical Dictionary of Switzerland (германски). Посетено на 24 април 2013.
- ↑ „Funicular Boat Lifts of Switzerland“. funimag.com. Посетено на 24 април 2013.
- ↑ „Clubportrait Schiffe“ (германски). Архивирано од изворникот на 15 декември 2005. Посетено на 24 април 2013.
- ↑ „Limmat river cruises“. Zürichsee-Schifffahrtsgesellschaft. Архивирано од изворникот на 2022-01-22. Посетено на 24 април 2013.
- ↑ „A-Objekte KGS-Inventar“. Schweizerische Eidgenossenschaft, Amt für Bevölkerungsschutz. 2009. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2010. Посетено на 10 декември 2014.
- ↑ „Prehistoric Pile Dwellings in Switzerland“. Swiss Coordination Group UNESCO Palafittes (palafittes.org). Архивирано од изворникот на 7 октомври 2014. Посетено на 10 декември 2014.
- ↑ „World Heritage“. palafittes.org. Архивирано од изворникот на 9 декември 2014. Посетено на 10 декември 2014.
Надворешни врски
уреди- Лимат на Ризницата ?
- „Лимат“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.