Билско Езеро
Билско Езеро (германски: Bielersee, француски: Lac de Bienne) — езеро во западна Швајцарија. Се наоѓа на надморска висина од 429 метари, во сливот на реката Аре. Од југозапад до североисток е долго 15,5 км, а широко 4,5 км. Во јужниот дел на езерото се наоѓа тесниот и издолжен остров Св. Петерсинсел.
Билско Езеро Bielersee Lac de Bienne | |
---|---|
Подрачје | Берн Кантон |
Координати | 47°5′N 7°10′E / 47.083° СГШ; 7.167° ИГД |
Слив | 8,305 км² км2 |
Сливни земји | Швајцарија |
Најг. должина | 15 км км |
Најг. ширина | 4,1 км км |
Површина | 39,3 км² км2 |
Најг. длабочина | 74 м м |
Зафатнина | 1,12 км³ км3 |
Проточност | 58 дена |
Надм. височина | 429 м м |
Острови | Санкт-Петерсинсел |
Населени места | Биел/Биен |
Западниот брег е скоро праволиниски и често подѕидан, затоа што по езерото води патот Нешател—Бил, со кој паралелно оди и железничка пруга. Источниот брег е послабо населен.
Во езерото се влева реката Ара во каналот Зил, кој проаѓа низ северниот дел на Нешателското Езеро. Од езерото истекува Ара, а тоа значи дека е проточно што е значајно за чистотата на водата.
Главни туристички центри покрај Билското Езера се: Бил, Нидау и Ерлах.
„Билско Езеро“ на Ризницата ? |