Јапонска митологија
Јапонската митологија е многу богата и разновидна. Главно е заснована врз автохтоната јапонската религија шинтоизам, но влијание има и од будизмот и други домашни религиски традиции во Јапонија, како и разни примесни верувања и локални легенди. Јапонските митови се развиле од иста причина како и митовите од другите земји, за да се објасни создаањето на светот, приридни феномени, обичаи и обреди, називи на некои топоними, итн. Иако јапонската митологја има многу други истории од пред 2000 години, првите записи се јавуваат дури од почетокот на осмиот век од новата ера. Односно, Јапонците до 5 век од новата ера немале писмо, тогаш постоеле луѓе, познати како катариби чија должност била усно да пренесуваат митови и преданија во време кога немало писмо или тоа не било распространето во Јапонија. Најстарите познати пишани извори за древната Јапонија и нејзината митологија е Коџики или Записи за древните настани составени 712 година.
Една од одликите на јапонската митологија е нејзиното објаснување на потеклото на царското семејство, што е користено за да се припише божествено потекло на царската крвна линија. Титулата на царот на Јапонија, тено (tennō - 天皇), значи „небесен суверен“.
Митот за создавањето
уредиСпоред јапонскиот мит за создавањето, првите божества кои се појавиле во време на создавањето на универзумот, познати се под заедничкото име Котоамацуками.
Подоцна се појавиле седумте генерации на ками, познати како Камијонанајо („Седум генерации на боговите“), следејќи го формирањето на небото и земјата.[1]
Првите две генерации се поединечни божества, наречени хиторигами, а наредните пет доаѓаат во парови како маж и жена: браќа и сестри кои истовремено биле брачни партнери. Според оваа хроника, Камијонанајо се вкупно 12 божества.[1]
Во древниот текст Нихон шоки се вели дека групата божества Камијонанајо се првите што се појавиле по создавањето на универзумот. Исто така се вели дека првите три генерации на божества се хиторигами (индивиуални божества), а дека подоцните генерации се парови од спротивен пол.
Куниуми и Камиуми
уредиЈапонската приказна за создавањето може да се подели на создавање на божествата (Камиуми) и создавање на земјата (Куниуми). Седмата последна генерација на божества биле Изанаги („Возвишен маж“) и Изанами („Возвишена жена“),[2] кои се одговорни за создавањето на Јапонскиот Архипелаг.[3][4]
При создавање на архипелагот, Изанаги и Изанами користеле копје украсено со накит, наречено Аме-но-нубоко. Застанале на мостот меѓу небото и земјата, и ја испарувале водата. Капките од солена вода формирале остров, Оногоро („само-создаден“). Божествата се преселиле на островот, се вљубиле и имале две деца, Хируко и Авашима. Децата не биле добро оформени, и затоа не се сметаат за божества. Сепак, Хируко подоцна станал бог под името Ебису. Родителите ги ставиле децата на кајче и ги пуштиле по морето, и потоа ги прашале другите божества каде згрешиле што нивните деца не биле добро оформени. Одговорот бил дека жената не смее прва да му се обрати на мажот.[5] So Изанаги и Изанами повторно се спариле, овој пат Изанаги зборнал прв. Така се родиле осумте големи острови на Јапонија:
Изанами умрела при пороѓај на Кагуцучи (инкарнација на огнот), исто така наречен и Хомусуби. Во бес, Изанаги го убил Кагуцучи. Од Изанаги се создадени исто така десетина божества. Божествата што се создадени од Изанаги и Изанами се симболи на природата и културата.[6] На пример, додека се соблекувал и ги фрлал украсите од неговото тело, секој украс откако ќе паднел на тлото од него се формирало божество. Важни божества се формирале откако го измил лицето: Аматерасу (инкарнација на сонцето) од неговото лево око, Цукујоми (инкарнација на месечината) од неговото десно око, и од неговиот нос - Сусано (инкарнација на бурите).
Митови и легенди за царската линија
уредиПрвиот легендарен цар на Јапонија, познат по името Џиму[7] кој стапил на власт во 660 година п.н.е.[8][9] Според јапонската митологија, тој е потомок на божицата на сонцето Аматерасу, преку нејзиниот внук Ниниги, како и потомок на богот на бурата, Сусано. Тргнал во воена експедиција од Хјуга, го освоил Јамато, каде основал центар на моќ. Денот кога Џиму станал цар, 11 февруари, денес во Јапонија се смета за „национален ден на основањето“.
По него владееле осум цареви, но за нив нема многу записи за тоа што правеле, па сите заедно се опишани во книга III од Нихон шоки, преку нивната генеологија.[10][11]
Десеттиот цар, Суџин[12][13] е опишан во Нихон шоки.[14][15]
Литература
уреди- Chamberlain, Basil Hall (1919). The Kojiki. Kadokawa.
- Takeda, Yukichi (武田祐吉) (1977). Shintei Kojiki (新訂 古事記). Kadokawa. ISBN 4-04-400101-4. Annotated Japanese.
- Aston, William George (1896). Nihongi: Chronicles of Japan from the Earliest Times to A.D. 697. 1. London: Japan Society.
- Ujiya, Tsutomu (宇治谷孟) (1988). Nihon Shoki (日本書紀). 上. Kodansha. ISBN 978-0-8021-5058-5. Modern Japanese translation.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Chamberlain 2008, стр. 72
- ↑ Yang, Jeff, Dina Gan and Terry Hong. Eastern Standard Time. p. 222. Metro East Publications, 1997.
- ↑ Chamberlain 2008, стр. 75
- ↑ Chamberlain 2008, стр. 77
- ↑ Yang, 2005, p.222.
- ↑ „Japanese creation myth“. Public wsu. Архивирано од изворникот на 2016-08-20.
- ↑ Fairchild, 1965, p. 94.
- ↑ Kelly, Charles F. "Kofun Culture", Japanese Archaeology. April 27, 2009.
- ↑ Kitagawa, Joseph. (1987). On Understanding Japanese Religion, p. 145, p. 145, при Гугл книги; Boleslaw Szczesniak, "The Sumu-Sanu Myth. Notes and Remarks on the Jimmu Tenno Myth", in Monumenta Nipponica, Vol. 10, No. 1/2 (1954), pp. 107–126.
- ↑ Ujiya 1988 , Book IV, p.111-120
- ↑ Aston 1896 , Book IV, p.138-149
- ↑ Ujiya 1988 , Book V, p.121-133
- ↑ Aston 1896 , Book V, p.150-164
- ↑ Ujiya 1988 , Book VI, p.134-151
- ↑ Aston 1896 , Book VI, p.165-183