Анѓелко Ѓорчев
Анѓелко Ѓорчев (19 септември 1948 - 7 април 2021) — македонски лекар, интернист-пулмоалерголог, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, вработен на Клиниката за пулмологија и алергологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што го раководи Центарот за астма. Бил татко на пратеникот Влатко Ѓорчев.
Анѓелко Ѓорчев | ||
Роден | 19 септември 1948 Трстеник, Светиниколско | |
---|---|---|
Починал | 7 април 2021 Ниш, Србија | (возр. 72)|
Занимање | лекар |
Роден е во Трстеник, Светиниколско. Медицинскиот факултет го завршил во 1972 година во Скопје. Истражува во подрачјето на бронхијалната астма. Соопштил и отпечатил над 300 апстракти и трудови во земјата и во странство. Член е на повеќе медицински здруженија и стручни академии. Објавил три книги[1]:
- Астхма бронцхиале – енигма и предизвик, Скопје, 1991;
- Македонски национален план и програма за дијагноза и терапија на бронхијалната астма – реалност или визија, Скопје, 1996; * * Македонски национален консензус за дијагноза и лекување на астма и хронична опструктивна белодробна болест, Кочани, 1999
Ѓорчев починал на Клиниката во Ниш на 4 април 2021 г. откако десет дена претходно примил вакцина против КОВИД-19 во истиот град, и од неа му се слошило.[2]
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Ѓорчев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 505. Text "series " ignored (help)
- ↑ „Почина пулмологот Анѓелко Ѓорчев“. Нова Македонија. 7 април 2021.