Antonio Fogazzaro (италијански: Antonio Fogazzaro), (25 март 1842, Виченца7 март 1911, Виченца) – италијански романописец и приврзаник на либералниот католицизам.[1][2][3] Седум пати бил номиниран за Нобеловата награда за книжевност, но ниеднаш не ја добил.[4]

Антонио Фогацаро
Antonio Fogazzaro
Роден/а25 март 1842(1842-03-25)
Виченца
Починат/а7 март 1911(1911-03-07) (возр. 68)
Виченца
Занимањепоет, романописец
Националноститалијанска
ЖанрNovel
Значајни делаМалиот свет на минатото (1895), Светецот (1905)
Потпис

Животопис

уреди

Фогацаро е роден во Виченца во богато семејство. Во 1864 година се здобил со диплома по право во Торино.[5] Потоа се преселил во Милано каде станал следвеник на уметничкото движење скапиљатура. Во 1869 година се вратил во Виченца да работи како адвокат, но набрзо го напуштил за целосно да му се посвети на пишувањето.

Во делата на Фогацаро постои постојан конфликт помеѓу чувството на должност и страстите, верата и разумот. Во некои случаи ова ја внесува мачената душа од ликовите во мистични искуства. Неговиот најпопуларен роман, Piccolo Mondo Antico (Малиот свет на минатото). Новелата е сместена во 1850-тите во Валсолда, мала заедница на брегот на езерото Лугано каде го провел најголемиот дел од својот живот. Piccolo Mondo Antico има извонредни евокации на пејзажот и силни карактеризации што ги открива внатрешните психолошки превирања на ликовите.

Фогацаро ја обиколил Италија предлагајќи помирување на Дарвиновата теорија на еволуцијата со христијанството.[6] Нашол нови интерпретации во позитивистичките и еволуционистичките теории. Римокаточката црква ги забранила романите Светецот во 1905 и Леила во 1910 година. Починал во 1911 година во своето родно место, Виченца.

Дела

уреди
 
Piccolo mondo antico (13. издание, 1896)
 
L'origine dell'uomo e il sentimento religioso (1893)
 
Споменикот на Фогацаро во Виченца

Новели

уреди
  • Malombra (1881), новела
  • Daniele Cortis (1885), новела
  • Il mstero del poeta (Мистеријата на поетот, 1888)
  • Piccolo mondo antico (Малиот свет на минатото, 1895)
  • Piccolo mondo moderno (Мал модерен свет, 1901)
  • The Poet's Mystery: A Novel (1903)
  • Il Santo (Светецот, 1905)
  • The Woman (1907)
  • The Politician (1908)
  • Leila (1910)

Други трудови

уреди
  • Miranda (1874, новела)
  • Valsolda (1876, збирка поезија)
  • Fedele (1887, збирка раскази)
  • L'origine dell'uomo e il sentimento religioso (1893, говор)
  • Discorsi (1898, есеи)
  • Scienza e dolore (Наука и страдање, 1898, есеј)
  • Il dolore nell'arte (Страдањето во уметноста, 1901, есеј)
  • Сцена (1903, драми).
  • Трилогијата на Рим (1907)
  • Приказни од италијански и шпански (1920)

Белешки

уреди
  1. McKenzie, Kenneth (1911). "Antonio Fogazzaro," The Yale Review, Vol. I, New Series, pp. 119–128.
  2. Sarti, Roland (2009). Italy: A Reference Guide from the Renaissance to the Present. Infobase Publishing. стр. 287.
  3. Helmstadter, Richard J. (1997). Freedom and Religion in the Nineteenth Century. Stanford University Press. стр. 210.
  4. „Nomination Database“. www.nobelprize.org. Посетено на 2017-04-18.
  5. Gallarati-Scotti, Tommaso (1922). The Life of Antonio Fogazzaro. London: Hodder and Stoughton, p. 25.
  6. Livingston, Arthur (1917). "Antonio Fogazzaro." In: The Warner Library, Vol. 10. New York: Warner Library Co., p. 5852.

Further reading

уреди

Надворешни врски

уреди