Андријан Николаев

Андријан Григориевич Николаев (чувашки и руски: Андријан Григорьевич Николаев, 5 септември 1929 - 3 јули 2004) бил советски космонаут.[1] Тој бил етнички Чуваш.

Андријан Николаев, фотографија од 1976 година
Андријан Николаев и Валентина Терешкова, 3 ноември 1963 г.

Животопис

уреди

Андријан Григориевич Николаев е роден на 5 септември 1929 година во селото Шоршели, во областа Чувашија во долината на реката Волга. Детството го минувал на колективната фарма. Кога бил младо момче, интересот на Николаев за летање се манифестирал со тоа што тој се искачил на дрвја со пријателите и тврдел дека ќе отпатува од таму. Ваквото однесување не било охрабрено од страна на селаните.

Николаев го поддржувал финансиски неговото семејство по смртта на неговиот татко во 1944 година, но мајка му претпочитала Андријан да заработува за образование. Николаев учел медицинско училиште пред да пристапи во советската армија.[2] За време на неговиот тренинг Николаев бил во состојба да одржи многу мирна состојба за време на стресни ситуации. Смиреноста на Николаев го направила кандидат за космонаут. Јуриј Гагарин, Герман Титов и седумнаесет други лица му се придружиле во март 1960 година. Николаев исто така бил во врска со Валентина Терешкова во тоа време, и наводно, ја бакнал за збогум пред да се качи на Восток 3.

Кариера

уреди

Николаев летал на два вселенски лета: „Восток 3“ (како трет советски космонаут) и „Сојуз 9“. Неговиот повик во овие летови бил „Сокол“. На двата лета тој поставил нови рекорди за издржливост, кога човечко битие останало најдолго време во орбитата. Тој, исто така, служел како резерва за мисиите „Восток 2“ и „Сојуз 8“. На 22 јануари 1969 година, Николаев го преживеал обидот за атентат врз Леонид Брежњев, кој го направил дезертер на советската армија, Виктор Илин. Тој го напуштил космонаутството на 26 јануари 1982 година.

Николаев исто така бил првиот човек што направил телевизиско емитување од вселената, во август 1962 година. „Восток 3“ бил дел од првиот двоен вселенски лет, со Павел Попович на „Восток 4“.

Во раните денови на вселенското патување, вообичаено било да се стават астронаутите на стадионот во изолациски комори за да се види колку долго може да издржат сами. Седеле во молк, не можејќи да го измерат времето. Многу мажи не успеале, само еден космонаут, Андријан Николаев, издржал најдолго - четири дена - и станал познат како „Железниот човек“.

На 3 ноември 1963 година, тој се оженил со Валентина Терешкова, првата жена која летала во вселената. Тие имаат една ќерка, Елена Андријановна (сега доктор по медицина). Нивниот брак пропаднал; иако до 1982 година тие не се развеле.

Во 2004 година Николаев починал од срцев удар во Чебоксари, главниот град на Чувашија во Русија, по што следел скандал. Неговата ќерка, која живее во Москва, сакала нејзиниот татко да биде погребан на гробиштата во Ѕвездено Гратче, а претседателот на Чувашија имал други идеи. По прошталната церемонија во Чебоксари, Николаев бил погребан во неговото родно село Шоршели.

Наводи

уреди
  1. „Andriyan Nikolayev Soviet cosmonaut“. Britannica. Посетено на 31 јануари 2021.(англиски)
  2. 1976-, Evans, Ben (2009). Escaping the bonds of Earth : the fifties and the sixties. Berlin: Springer. ISBN 9780387790930. OCLC 261924762.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)