Андреа Коста
Андреја Коста (роден на 1 февруари 1986 во Реџо Емилија) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Емполи.
Андреја Коста | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 февруари 1986 | ||
Роден во | Реџо Емилија, Италија | ||
Висина | м | 1,82||
Позиција | лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Емполи | ||
Број | 15 | ||
Младинска кариера | |||
Реџана | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2005–2006 | Реџана | 16 | (1) |
2006–2008 | Болоња | 43 | (6) |
2008–2011 | Реџина | 83 | (1) |
2011–2014 | Сампдорија | 72 | (2) |
2014-2015 | Парма | 22 | (1) |
2015- | Емполи | 7 | (0) |
* Ажурирано на: 16 мај 2010 ** Ажурирано на: 18 ноември 2008 |
Кариера
уредиКоста ја започна својата кариера во клубот од родниот град Реџана 1919 во Серија Ц1. Тој потпишал за Болоња во текот на летото 2003 година, но бил пријавен во тимот во јануари 2004 година, кога тој веќе имаше 16 настапи за Реџана.
По испаѓањето на Болоња во летото 2004 година, тој влезе во првиот тим и одигра 43 натпревари во Серија Б за клубот.
На 31 јануари 2008 година, тој потпишал со тимот од Серија А, Реџина, кој се наоѓа во Реџо Калабрија. На 2 мај 2009 година во текот на важен натпревар за Реџина за опстанок тој го проголтал својот јазик и бил однесен во болница. Неговиот тим ја победи Болоња тогаш со 2-1 нагости, но не успеа да се спаси од испаѓање.
На 3 август 2011, Коста дојде во екипата на Сампдорија која штотуку испадна од Серија А, како позајмен играч со право на откуп на крајот од сезоната. Со својот нов клуб, тој дебитира во Купот на Италија, а својот прв натпревар во Серија Б за Сампдорија го одигра на 25 август 2011 против Падова на домашен терен во натпревар што заврши 2-2. Својот прв гол во дресот на Сампдорија го постигна на 30 септември 2011 во поразот на неговиот тим од Торино со 2-1. Тој одигра 29 натпревари за Сампдорија во Серија Б за сезона 2011-2012 и беше еден од најстандарните во одбраната со што му помогна на клубот да се врати во Серија А.
На 4 јули 2012 челниците на Сампдорија го откупуваат неговиот договор од Реџина за сума од 1 милион евра. На стартот од првенството во Серија А за сезона 2012-2013, Коста го постигнал единствениот погодок во натпреварот со кој Сампдорија издвојува голема победа на гостувањето на Сан Сиро, против Милан со 1-0.
Надворешни врски
уреди- (италијански) Профил на Андреја Коста на gazzetta.it