Андон Шурков-Орлов (Велес, 19001938) — македонски работник и комунист, жртва на Сталиновите чистки.[1]

Андон Шурков
Роден Андон Шурков
1900
Велес, Отоманско Царство
Починал 1938
СССР СССР
Националност Македонец
Познат комунистички деец

Животопис

уреди

Се вклучува во комунистичкото движење во Велес. Во 1925 година растура леток испечатен од велешките комунисти во врска со убиството на Петар Чаулев. Полицијата дознава за тоа и Шурков, заедно со уште двајца свои сопартијци, бега преку грчката граница со план од Солун по морски пат да стигнат во СССР. Шурков е уапсен од грчката полиција и е затворен на некој грчки остров три месеци. Кога еден советски товарен брод доаѓа на тој остров, Шурков успева да се качи на него и да замине за СССР.

Во СССР доаѓа во втората половина на 1927 година. Го завршува Универзитетот за националните малцинства на Западот, по што е испратен како инструктор во Одеса и работи како функционер во синдикатот на пристанишните работници.

Осуден е на 16 ноември 1937 година, по што најверојатно е и стрелан.[2]

Посмртно е рехабилитиран со одлука на Воениот трибунал на Воениот суд во Одеса.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шутуркова“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1671. Text "series " ignored (help)
  2. „„Книга Памяти Жертв Коммунистического Террора". Архивирано од изворникот на 2013-12-19. Посетено на 2010-06-19.

Литература

уреди
  • Tодор Зографски и Димче Зографски „КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 1920-1930”, ИНИ, Скопје, 1974, 122-123 стр.