Полска филмска школа

Полска филмска школа (полски: Polska Szkoła Filmowa) — претставува група на полски режисери и сценаристи што делувале и создавале помеѓу 1955 и 1963 година.[1]

Вајда Куц

Оваа група била под влијание на италијанскиот неореализам. Либералните промени што се случиле во Полска по 1956 години помогнале да се промени ракурсот во согледбите на историските и социјалните случувања и прилики.[2] Особено за поинаквите гледишта за време на Втората светска војна и германската окупација.

Меѓу најважните теми биле поранешните војници на полското движење на отпорот и нивната улога во повоената полска историја како и националните трагедии како што биле концентрациските логори и Варшавското востание.[3] Политичките промени овозможиле групата јавно да размислува за неодамнешната полска историја.

Полската филмска школа била прва што го истакнувала националниот карактер на Полјаците и едно од првите уметнички движења во Средна Европа што отворено се спротивставила на движењето и диктатот на социјалистичкиот реализам.[4]

Палецот на Оскар Кон Лоѓ

Членовите на движењето честопати ја истакнувале улогата на поединецот во однос на општеството.

Поистакнати режисери и филмови

уреди

Наводи

уреди
  1. „HISTORIA POLSKIEGO FILMU - ARTYKUŁY - AKADEMIA POLSKIEGO FILMU“. www.akademiapolskiegofilmu.pl. Посетено на 2020-04-01.
  2. „Akademia Filmowa“. www.akademiafilmowa.pl. Посетено на 2020-04-01.
  3. „POLSKA SZKOŁA FILMOWA“. Wiedza o kulturze (полски). 2010-01-19. Посетено на 2020-04-01.
  4. „Katalog - NINATEKA“. ninateka.pl. Архивирано од изворникот на 2021-05-18. Посетено на 2020-04-01.
  5. „Autores“. Архивирано од изворникот на 2018-02-23. Посетено на 2020-03-31.

Надворешни врски

уреди