Амџазаде Ќопрулу Хусеин-паша

Амџазаде Ќопрулу Хусеин Паша (роден во 1644 - 22 септември 1702 во Силиври) — османлиски државник и Голем везир на империјата во периодот од 17 септември 1697 до 4 септември 1702 година.

Ќопрулу Амџазаде
Хусеин
Паша
Голем везир на Османлиското Царство
На должноста
17 септември 1697 – 4 септември 1702
Монарх Мустафа II
Претходник Елмас Мехмед Паша
Наследник Далтабан Мустафа Паша
Лични податоци
Роден(а) 1644
Починал(а) 22 септември 1702
Силиври
Националност Отоман
Вероисповед ислам
Потекло Албанец
Фамилија Ќопруловци
Воена служба
Припадност  Османлиско Царство

Тој добил ветување од султанот дека ќе делува слободно во неговите намери во воведување на реформи во империјата. Во негово време бил потпишан договорот од Карловац (1699) каде Османлиите ги загубиле Унгарија, Трансилванија, Подолија, Далмација и Мореја.

По големиот пораз, Хусеин започнал со економски и финансиски реформи. Акцизите за тутунот и кафето кои биле четири пати зголемени во времето на војната, биле повторно намалени. Оние кои во војната немале услови за плаќање на големите даноци биле ослободени од казна. Јаничарскиот корпус кој според списокот броел околу 70.000 војници, а всушност само околу 10.000 биле вистински, биле намалени на 34.000 додека артилерискиот состав од 6,000 бил намален на 1,250 војници. Била реорганизирана и морнарицата со изградба на нова флота. Новиот султан се повлекол во Едрене заедно со Шеик ул-исламот Фејзула Ефенди, кој започнал со именување на клучни државници, станувајќи центар на следните интриги против големиот везир.

Поради здравствени проблеми, тој поднел оставка од својата функција а по само неколку денови починал.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
Политички функции
Претходник
Елмас Мехмед Паша
Голем везир на Османлиското Царство
17 септември 1697 - 4 септември 1702
Наследник
Далтабан Мустафа Паша