Амир Ор
Амир Ор (1 јули 1956, Тел Авив) – израелски поет, романописец и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност, чии дела се издадени на 50 јазици.[1][2] Добитник е на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2020 година.[2]
Амир Ор | |
---|---|
Амир Ор во 2010 година | |
Занимање | поет есеист публицист |
Националност | израелска |
Значајни награди | Хердерова награда (1982), Златен венец на Струшките вечери на поезијата (2020) |
Автор е на 13 збирки поезија. Најновите книги на хебрејски се Пророштво на Лудиот (2012), Плен (избрани песни 1977–2013), Крилја (2015) и Дете.[1][2] Ор исто така објавил фиктивна епопеја во стихови, Песната на Тахира (2001) и новелата Кралството (2015) за животот на кралот Давид и современото општество.
Животопис
уредиОр е роден во Тел Авив, во 1956 ггодина. Неговите баба и дедо емигрирале од Полска во 1930-тите и пристигнале во Израел како ционистички пионери. Тој е потомок на прославена династија рабини, меѓу кои Елимелех од Лежајск и Раши, чие семејно стебло се протега дури до царот Давид. Во неговите дваесетти, Ор живеел неколку години во Холандија и во Индија каде што учел медитација и техники за личен развој. По враќањето во Израел, тој основал центар за медитација и терапија, како и спиритуална заедница во Ерусалим. Студирал филозофија и компаративна религија на Еврејскиот универзитет во Ерусалим каде што и држел предавања за античката грчка религија.
Во 1987 г. Ор дебитира со Гледам низ очите на мајмунот за која ја добива книжевната награда „Хари Харшон“ на Еврејскиот универзитет. Неговите книги Лица (1991), Откупнина на мртвите (1994), Па! (1995) и Песна (1996) следат потоа. Објавил голем број написи, статии и есеи за книжевност, општество, компаративна религија и за класиците, а пишувал и книжевна колумна за „Хаарец“. Неговите избрани есеи Дискурс биле објавени во 2018 година. (Hakibutz Hameuhad publishers, TA).
Во 1990 година Ор го основал Друштвото Хеликон за напредок на поезијата во Израел. Во 1993 година ја формирал Арапско-еврејската поетска школа Хеликон, каде што развил пионерски интегрирани методологии за учење на творечко пишување. Ор предавал во Израел, САД, Европа и Јапонија. Во 2001 година го основал Меѓународниот поетски фестивал „Шаар“ и работел како негов уметнички директор.
Ор работел како главен уредник во списанието Хеликон, како и на серијата поетски збирки издадени подоцна. Бил уредник и на други книжевни списанија, како и на неколку антологии од хебрејски и на различни европски јазици. За неговите уреднички придонеси, тој е добитник на Наградата за уредништво на Министерството за култура во 2017 година.
Ор е национален координатор на проектот „Поети за мир“ поддржан од ОН, основач на Светското движење за поезија и на Европската асоцијација на програми за творечко пишување.
Награди и признанија
уредиОр е добитник на израелски и меѓународни поетски награди, како што се:
- писателската награда „Фулбрајт“ во 1993 г.,
- признанието „Плејади“ во 2000 година за неговиот „значаен придонес кон модерната светска поезија“,
- наградата „Бернстајн,
- „Премиерската награда за литература“ во 1996 година,
- наградата „Оенеум“ на Тетовскиот поетски фестивал во 2010 година,
- „Поетската награда за песна посветена на виното“ во 2013 година од Струшките вечери на поезијата,
- меѓународната награда „Стефан Митров Љубиша“ од Градскиот театар „Будва“,
- наградата „Европски атлас на лириката“ во 2016 година,
- наградата „Светот низ поезија“ во 2017 година од Блу Мет Монтреал за „неверојатната длабочина и квалитет на неговата поезија“,
- наградата „Европски Хомеров медал за поезија и уметност“ во 2019 година,
- наградата за животно достигнување на директоратот „АКУМ“ во 2020 година,
како и бројни стипендии од Универзитетот Ајова, Еврејскиот институт на Универзитетот Оксфорд, Фондацијата „Валпараисо“ од Шпанија, „Замок Хоторнден“ од Шкотска, Ирската фондација „Хајнрих Бел“, Фондацијата „Ле Трел“, како и „Прага, град на културата“ на УНЕСКО, меѓу другите.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-11-21. Посетено на 2006-12-10. Levin, Lynn, "Israeli Poet Amir Or: A Conversation About Language, Myth, and the Soul" at the "Poetry Life and Times" Web site, accessed December 10, 2006
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Израелскиот поет Амир Ор е добитникот на наградата „Златен венец" на СВП за 2020 година“. СВП. Архивирано од изворникот на 2020-07-18. Посетено на 18 јули 2020.
Надворешни врски
уреди- [1][мртва врска] AMIR OR SITE
- [2] Poetry Life & Times Web site: "Israeli Poet Amir Or: A Conversation About Language, Myth, and the Soul" by Lynn Levin
- [3] Article by Amir Or, "Hebrew Poetry in the New Millennium" at Israeli Ministry of Foreign Affairs Web site
- [4] Article on Or's poetry by Ariel Hirschfeld, "On the connection between ‘I’ and ‘you’ and the development of the poet from one book to the next"
- [5] Article on Or's poem, "A Glass of Beer", by Rami Saari, "I step into your shoes and become a part of you"
Поезија онлајн
уреди- [6] "Shaharit (Morning Prayer)"
- [7] "POEM" (translated from Hebrew by Helena Berg)
- [8] "POEM" (long version; translated from Hebrew by Helena Berg)
- [9] "The Barbarians (Round Two)" (translated by Vivian Eden)
- [10] "Blue Job" (translated by Vivian Eden)
- [11] "A Glass of Beer"
- [12] "Epitaph" (translated by Vivian Eden)
- [13] "I Look Through the Monkeys’ Eyes" (translated by Irit Sela)
- [14] [untitled] (first line: "There's a speed in which things calm down.")