Алехандро Гонсалес Ињариту

мексикански режисер

Алехандро Гонсалес Ињариту (роден на 15 август 1963 г.) — мексикански филмски режисер, сценарист, продуцент и поранешен композитор. Тој е првиот мексикански режисер номиниран за Оскар за најдобар режисер, за Вавилон (2007).

Алехандро Гонсалес Ињариту
Ињариту во 2014 година
Роден(а)15 август 1963(1963-08-15)(61 г.)
Град Мексико, Мексико
Други имињаАлехандро Г. Ињариту
Занимање
  • режисер
  • сценарист
  • продуцент
  • композитор
Активен период1984–сè уште
СопружникМарија Еладија Хагерман
Деца2 (син и ќерка)
Потпис

Шест долгометражни филмови на Ињариту — Кучешка љубов (2000), 21 грам (2003), Вавилон (2006), Прекрасно (2010), Човекот-птица (2014), и Повратник (2015) — собраа позитивни критики и бројни признанија, вклучувајќи Оскар номинации и победи. Во 2015 година, Ињариту добил Оскари за најдобар режисер, најдобро оригинално сценарио, и најдобар филм за Човекот-птица. Следната година, тој го добил Оскарот за најдобар режисер за Повратник, со што станал само третиот режисер во историјата кој победил во категоријата две последователни години, и прв по 1950 година.

Рани години

уреди

Алехандро Гонсалес Ињариту е роден во Град Мексико, како најмлад од седум деца во семејството на Луз Марија Ињариту и Хектор Гонсалес Гама.[1] Во периодот од 16 и 18 години тој пловел преку Атлантскиот Океан на товарен брод и патувал низ Африка и Европа.[2][3] Тој подоцна истакнал дека овие рани патувања имале големо влијание на него како режисер.[3] Настаните во неговите филмови често се случуваат на места кои тој ги посетил во овој период. По патувањата, Ињариту се вратил во Град Мексико и дипломирал на департманот комуникации на Ибероамериканскиот универзитет, еден од најпрестижните приватни универзитети во Мексико.[4]

Личен живот

уреди

Ињариту е венчан со Марија Еладија Хагерман која е уредник и графички дијзанер. Хагерман и Ињариту изгубиле новороден син во средината на 1990. години. Тие имаат син и ќерка.[5]

Тој е добар пријател со мексиканските режисери Гуљелмо дел Торо и Алфонсо Куарон, општо познати како „The Three Amigos of Cinema“.[6]

Ињариту изјавил, во однос на нелегалната имиграција, „Не постои човек кој, како резултат на желбата да изгради подобар живот, треба да се именува или прогласува за нелегален.“[7] Според Ињариту, планот на Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико ќе го „предаде основањето на САД. Силата на САД лежи во различноста.“[8]

Филмографија

уреди
Год. Филм Режисер Продуцент Сценарист Уредник Белешка
1996 Ѕвоно да да да да Краткометражен филм
2000 Кучешка љубов да да не да
2001 Буре барут да не да да Краткометражен филм
2002 Мексико да да да да Краткометражен филм
2003 21 грам да да не не
2006 Вавилон да да не не
2007 АНА да да не не Краткометражен филм
2008 Рудо и Курси не да не не
2010 Прекрасно да да да не
2012 Наран Џа да да не не Краткометражен филм[9]
2014 Човекот-птица да да да не
2015 Повратник да да да не

Наводи

уреди
  1. Agencias / El Siglo De Torreón (August 15, 2014). „1963: El mundo recibe a Alejandro González Iñárritu, internacional cineasta mexicano“. Elsiglodetorreon.com.mx. Посетено на February 24, 2015.
  2. „Alejandro Gonzalez Iñárritu: What I've Learned“. Esquire. January 12, 2015. Посетено на March 8, 2015.
  3. 3,0 3,1 Tobias, Scott (December 3, 2003). „Alejandro González Iñárritu“. The A.V. Club. Посетено на March 8, 2015.
  4. „Alejandro González Iñárritu“. Encyclopædia Britannica. Посетено на March 8, 2015.
  5. „In 'Birdman,' Alejandro G. Inarritu takes his doubts and lets them fly“. Los Angeles Times. 10 October 2014. Посетено на 12 July 2015. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  6. „Three amigos change face of Mexican film“.
  7. 'Birdman' Director Blasts Donald Trump Over Immigration Policy“. Rolling Stone. 9 November 2015.
  8. 'Revenant' director Iñárritu makes history, blasts Trump“. New York Post. 7 February 2016.
  9. Naran Ja. YouTube. https://www.youtube.com/watch?v=6kR9RHeGacI. 

Надворешни врски

уреди