Кучешка љубов (филм)

Кучешка љубов е мексикански филм во режија на Алехандро Гонсалес Ињариту.

Факти за филмот

уреди

„Кучешка љубов“ е драма со елементи на трилер, во режија на Алехандро Гонсалес Ињариту, а главните улоги ги толкуваат: Емилио Ечеварија, Гаел Гарсија Бернал, Гоја Толедо и Алваро Гуереро. Во 2000 година, филмот ја добил наградата на критиката на Филмскиот фестивал во Кан, а бил номиниран и за наградите "Оскар" и "Златен глобус", во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.[1]

Содржина на филмот

уреди

Филмот содржи три приказни, кои ги следат судбините на неколку ликови, чии животи ги спојуваат една сообраќајна несреќа и љубовта кон кучињата. Во првата приказна, младо момче се вљубува во сопругата на својот брат; во втората приказна, средовечен човек е маѓепсан од една привлечна манекенка; во третата приказна, главниот јунак е пустиник, опкружен со глутница кучиња, кој заработува како платен убиец. Трите приказни имаат заедничка точка во дејството на филмот, кој се развива како сложувалка во која постепено се разоткриваат сите детаљи од животот на главните ликови.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 "Драматичен преплет на три животни приказни", Антена, број 813, 24.1.2014, стр. 3.