Алекси Гињар де Сен-Приест
Алекси Гињар, гроф де Сен-Приест (француски: Alexis Guignard de Saint-Priest), (Санкт Петербург, 20 април 1805 - Москва, 27 септември 1851) - француски историчар, книжевник и дипломат[1], син на Арман Емануел Шарл Гињар, гроф од Сен-Приест и внук на Франсоа-Емануел Гињар, гроф од Сен-Приест (1735-1821), дипломат, последен министер од кралската куќа на Луј XVI и прв министер за внатрешни работи на Франција[2](1788-1791).
Алекси де Сен-Приест Alexis de Saint-Priest | |
---|---|
Алекси Гињар де Сен Приест како академик | |
Роден/а | 20 април 1805 Санкт Петербург, Русија |
Починат/а | 27 септември 1851 Москва, Русија | (возр. 46)
Занимање | писател, историчар и дипломат |
Националност | француска |
Период | XIX век |
Сен-Приест бил во комората на Шарл X, потоа бил на служба во Парма, дипломат во Бразил, во Лисабон и Копенхаген. Во Домот на перовите на Франција ги наследил својот татко и дедо. За член на Француската академија бил избран ан 18 јануари 1849 година.
Дела
уреди- „Француските урнатитени“ (Les ruines françaises - poésies, 1823)
- „Атенаис, или мемоарите на една жена“ - комедија (Athenaïs, ou le souvenir d’une femme - comédie, 1826)
- „Сегашноста и минатото – послание“ (Le présent et le passé - épître, 1828)
- „Шпанија, фрагменти од патувањето“ (L’Espagne, fragments de voyage, 1830)
- „Историја на кралството, од корените до формирањето на главните монархии во Европа“ – 2 тома ( Histoire de la royauté considérée dans ses origines jusqu’à la formation des principales monarchies de l’Europe, 2 vol., 1842)
- „Историја на падот на језуитите во XVIII век (Histoire de la chute des Jésuites au XVIIIe siècle, 1844)
- „Историја на освојувањето на Неапол од Шарл Анжујски“ (Histoire de la conquête de Naples par Charles d’Anjou 4 vol., 1847)
- „Дипломатски и книжевни студии“ (Études diplomatiques et littéraires, 2 vol., 1850)
Наводи и белешки
уреди- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica. 24 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 42.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди- Биографски белешки на Француската академија
- Личните документи на Алекси Гињар гроф од Сен Приест се зачувани во националната архива на Франција под знакот 395AP